Вилемстад
Вилемстад (холандски: Willemstad) — главен град на островот Курасао во состав на Кралството Холандија. Бил главен град на Холандските Антили пред нивното распуштање во 2010 г. и денес брои 150.000 жители. ГеографијаГрадот се наоѓа во југоисточниот дел на островот и е распореден околу засолнетиот залив Схотегат поврзан со морето преку тесниот проток Света Ана. Во ова подрачје е стариот градски центар со своите четири маала: Пунда и Отробанда сместени од двете страни на протокот, додека пак Схарло и Питермај Смал се од обете страни на помалиот залив Вајгат. КлимаВилемстад има врела полусува клима (Кепенова класа BSh), со преодни одлики кон суволетна тропска саванска клима (класа As). ИсторијаПрвата населба подрачјето на градот е Пунда, основана од Холанѓаните во 1634 г. со успешното заземање на островот кој доготаш бил под шпанска власт. Изворното име било de punt што на холандски значи „точка“. Сепак, за културен центар на градот се смета Отробанда, основана во 1707 г.; ова име води потекло од папијаментскиот поим otro banda, што значи „другата страна“. Денешниот град е наречен по холандскиот владетел, принцот Вилем II Орански (вл. 1647-50). Синагогата е изградена од сефардските Евреи доселени од Амстердам и Ресифе во Бразил. СтопанствоТуризамТуризмот е меѓу најважните стопански гранки на Вилемстад, во кој има повеќе казина. Архитектурата е колонијална, со влијание од холандските стилови. Градската синагога е најстариот постоечки еврејски храм во цела Америка. Стариот дел на градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО поради неговите посебни градби и пристаништето. Во градот има и археолошки ископини.[1] Нафтена индустријаВилемстад е најважно пристаниште за нафтената индустрија на Карибите, што се должи на неговата положба близу венецуелските нафтени полиња, политичката стабилност и длабоките крајбрежни води. Неговата рафинерија е изградена од „Шел“ во 1915 г. и некогаш важела за најголема во светот.[2] Четирите ограноци на „Шел“[3] (рафинеријата, складот, реморкерите и дистрибуцијата) се продадени на владата на Курасао во 1985 г.[4] по симболична цена од еден гилдер по претпријатие.[5] Денес владата ги издава под наем на венецуелското државно претпријатие „Венецуелска нафта“ (PDVSA). Во Вилемстад има седиште и претпријатието „Шлумбергер“, кое е најголем изведувач на работите на нафтените полиња во светот.[6] Финансиски услугиВо градот се седиштата на поголем број даватели на финансиски услуги поради поволната даночна политика на Курасао. ОбразованиеПокрај училиштата, во Вилемстад се наоѓа медицинската академија „Авалон“, како и Медицинскиот универзитет на Карибите[7] недалеку од градскиот центар. ИнфраструктураВоздухопловствоГрадот го опслужува Меѓународниот аеродром Курасао, сместен на 12 км северно од градот, а со годишна прометност од 2 милиони патници. Ова е матично леталиште на „Инсел ер“, националниот авиопревозник на Курасао.[8] МостовиПунда и Отробанда се поврзани со долгиот пловечки мост „Кралица Ема“. Иако сè уште е во употреба, денес најпрометен е мостот „Кралица Јулијана“ (изг. во 1967 г. и обновен десет години подоцна) кој се издига во лак the bay further inland. Nearby is also the now non-functioning подвижен мост „Кралица Вилхелмина“. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|