Габрово (Гевгелиско)За други истоимени места, погледајте Габрово.
Габрово — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија. Географија и местоположбаОва мало село се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија, од десната страна на железничката линија Скопје-Гевгелија.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 300 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 31 километар.[2] Селото се наоѓа на источните падини на планината Кожуф. Водата за пиење во селото се обезбедува од сопствени бунари.[3] ИсторијаПодрачјето на Габрово е населено уште од доцната антика, за што сводочат повеќето археолошки наоѓалишта околу него. Во отоманскиот период, селото било чисто турско село.[4] Селото активно учествувало во текот на Втората светска војна. Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5] СтопанствоИма мошне голем атар, што зафаќа површина од 28,8 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 2.227,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 137,1 хектар, а на пасиштата само 3,5 хектари.[2] Селото има полјоделско-шумарска функција.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Габрово имало 75 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габрово имало 96 жители.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8] Габрово е мало село, во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 208 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 31 жител, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Габрово имало 20 жители, сите Македонци.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаВо XIX век, Габрово било село во Гевгелиската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Миравци. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Во периодот 1950-1955, селото било дел од некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 366 според Државната изборна комисија, сместено во приватна куќа.[14] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 8 гласачи.[15] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|