Во 1902 година ја напуштил армијата со чин подофицер. Во август 1902 година станал четник во четата на Константин Антонов. Од 1903 година станал самостоен војвода.
Во 1907 година бил назначен за војвода во Прилепско и Велешко каде успеал да ги прогони четите на Јован Бабунски и Глигор Љамев. Според комитата Крсте Јанчески, Тано Николов бил присутен во подножјето на Ножот, каде заедно со војводскиот совет, решиле да го избегнат судрувањето со турската војска. Пратиле курири да им соопштат истото на 54 четници кои ја завзеле позицијата Ножот предводени од Атанас Попов од Шестово, дека треба да се повлечат, на што овие момци им одговориле, дека таа одлука нема да им ја почитуваат и дека тука дошле да се борат и да загината достоинствено.[1][2]
После Хуриетот, на 24 септември1908 година во Солун Тане Николов извршил атентат врз Јане Сандански, при обид да ја исполни смртната пресуда врз Сандански која била издадена од страна на Конгресот.