Тројкрсти
Тројкрсти — село во Општина Прилеп, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп. Притеснето со коритото на Црна Река на југ и возвишението Бедем од север. Се наоѓа на железничката пруга, стигнувајќи до Скопје. Географија и местоположбаТројкрсти — село во средишниот дел на Пелагонија, во Прилепкото Поле. Селото е притеснето со коритото на Црна Река од југ и возвишението Бедем (646 м) од север. Околни населби се: Чепигово, Тополчани, Загорани и Новоселани. Оддалечено е 21 километар југозападно од Прилеп и 28 километри северно од Битола. ИсторијаСпоред народната традиција, денешното село Тројкрсти настанало кон крајот на XVIII век.[2] Тогаш овде се населиле три христијански семејства, од кои потекнуваат денешните родови: Ржанковци, Ѓоревци и Ѓелдимовци.[2] Останатите родови се населиле во текот на XIX и XX век. За време на турското ропство Тројкрсти било рајатско село. Жителите обработувале малку земја на возвишението Бедем, а земјата десно од Црна Река била блато. Кон крајот на XIX век некој ага од селото Чепигово по рамното земјиште отворил канал и блатото се исушило.[2] Оттогаш жителите започнале да обработуваат земја и од десната страна на Црна Река. Од 1900 година две албански семејства од Пресил во Тројкрсти купиле малку земја со намера тука да основаат чифлици, меѓутоа со крајот на турското ропство во 1912 година не успеале во тоа.[2] Во XIX век, Тројкрсти било село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тројкрсти живееле 150 жители, сите Македонци.[3] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тројкрсти се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6] Тројкрсти, според намалувањето на бројот на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 268 жители, а во 1994 година 97 жители, македонско население. Според пописот од 2002 година, во селото Тројкрсти живееле 81 жител, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 39 жители, од кои 36 Македонци, 1 Србин и 2 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиТројкрсти е македонско православно село. Според истражувањата од 1955 година, родови во селото се:
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1504 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 54 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости
Личности
ИселеништвоПостари иселеници има во Врбјани (Србиновци), Крушеани (Турникаповци), Дупјачани (Тошевци). Родот Ѓелдиновци целосно се иселил во Прилеп. Некаде се иселиле и Чкоревци.[2] Наводи
Надворешни врски |