Чепигово
Чепигово — село во областа Пелагонија, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во јужниот дел на Прилепското Поле, сместено во крајниот источен дел на територијата на Општина Прилеп, од левата страна на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 600 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 20 килиометри.[2] До селото може да се дојде преку два локални патишта, едниот кој се двои од автопатот А3, пред селото Тополчани, додека другиот се двои од локалниот пат во селото Пашино Рувци. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Свето Тодори на исток, Пашино Рувци и Загорани на север, Тројкрсти на југозапад, Новоселани на југ и Подино и Трновци на југоисток. Жителите со вода за пиење се снабдуваат со еден извор, кој извира на месноста Блато.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бакарно Гумно, Јагула, Чука, Додолица, Баблејца, Бедем, Чаир, Средно Поле и Караџица.[3] Селото е мало и не се дели на маала.[3] ИсторијаПодрачјето на Чепигово е населено барем од бакарно време, за што сведочат остатоци на населба на наоѓалиштето Бакарно Гумно.[4] Во југоисточниот дел на селскиот атар, во непосредна близина над вливот на реката Блато во Црна Река се наоѓаат остатоци од античкиот град Стибера, кој постоел од III век п.н.е. до III век од нашата ера. На неговото подрачје се забележуваат остатоци од ѕидини, гробови и градби. Во околината на Чепигово исто така се откриени бројни древни споменици.[3] Чепигово е многу старо село. Се споменува во 1337 година, кога царот Стефан Душан го приложил на манастирот Трескавец.[3] Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Чапуго и имало 50 семејства и 2 неженети, сите христијани.[5] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 6,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 467 хектари, на пасиштата отпаѓаат 108 хектари, додека шумско земјиште нема.[2] Селото, во основа, има полјоделско функција.[2] Во XIX век, Чепигово било чифлиг на читлук-сајбијата Емин-ага од Битола. По ослободувањето од турската власт, селаните ја добиле земјата со аграрната реформа направена за време на Кралството Југославија.[3] НаселениеСпоред податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 12 домаќинства со 52 жители христијани.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чепигово живееле 73 жители, сите Македонци.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чепигово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Чепигово имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[10] Населбата е мала, населена исклучиво со македонско население. Во 1961 г. селото броело 216, а во 1994 г. 167 жители.[2] Според пописот од 2002 година во Чепигово живееле 162 жители, од кои 160 Македонци и 2 останати.[11] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 149 жители, од кои 144 Македонци, 1 останат и 4 лица без податоци.[12] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЧепигово е македонско село. Родови во селото се:
ИселеништвоОд ова село иселеници има во Ерековци (Дојчиновци и Наумчевци), Драгожани (Ќепенковци и Љаковци), Горно Коњари (Мантаровци и Седловци) и Мало Коњари (Прдешковци).[3] Општествени установи
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Чепигово било село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Прилеп, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Тополчани. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Тополчани. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Тополчани, во која покрај селото Чепигово, се наоѓале и селата Веселчани, Загорани, Клепач, Тополчани и Тројкрсти. Селото припаѓало на Општина Тополчани во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Веселчани, Загорани, Тополчани, Тројкрсти и Чепигово. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1505 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 127 гласачи.[19] Културни и природни знаменитости
Цркви
Редовни настаниСлави[3]
ЛичностиПочинати во Чепигово
Наводи
Надворешни врски |