Туминец
Туминец (албански: Kallamas, но офиц. Tuminec) — село во Мала Преспа, денес во општината Пустец од Горичката област, Албанија. Се проценува дека селото има 950-1000 жители (проц. 2007),[1] што претставува значителен пораст од заведените 658 жители во 2000 г. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанското Езеро, а на северниот брег на заливот Завир. Сместено е недалеку од граничниот премин „Стење-Горица“, иако најблиското село во Македонија е Коњско, со кое го дели истиот полуостров. Туминец е второ село по големина во Мала Преспа со околу 800 жители. ИсторијаОва е релативно ново село. Порано имало друго, Старо Село, што се наоѓало јужно од сегашното, но поради надоаѓањето на водата, селото било потопено. Уште понајуг се наоѓа манастирот „Св. Марена“ — единствена црква посветена на оваа светица. Жителите на ова село се староседелци, и сите се Македонци со православна вероисповед. Некаде по Втората светска војна, селото е преименувано во Безмиште (Bezmisht). Во 1970 г. му е дадено ново албанско име Каламас (Kallamas), изведено од поимот kallam што значи „трска“[2]. Во 2013 г. е повратено изворното име Туминец (Tuminec) со официјалниот повраток на топонимијата во општината Пустец.[3] ЕкономијаНаселението од Туминец се занимава со риболов, сточарство, земјоделство, лозарство и правење ќумур. ДемографијаНаселението брои 800. Жителите на ова село се староседелци и сите се Македонци со православна вероисповед. РодовиВо селото живеат православни Македонци од следните родови:
Општествени установиКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоПоврзаноНаводи
НаводиНадворешни врски
|