Хајлигенхафен
Хајлигенхафен (германски: Heiligenhafen) — град во округот Источен Холштајн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на брегот на Балтичкото Море, спроти островот Фемарн, околу 60 километри североисточно од Либек и 55 километри источно од Кил. ГеографијаЦентарот на градот се наоѓа на мал залив, внатрешно езеро од кое на запад градот е разделен. Два ’рта се наоѓаат на брегот: Штајнвардер (Steinwarder) и Грасвардер (Graswarder), на кој се наоѓа и птичји резерват. СтопанствоВо заливот се наоѓа мало рибарско пристаниште и марина. Туризмот е важен дел од економијата на градот. Секое лето главна атракција е 10-дневниот фестивал наречен „Пристанишни денови“ (Hafenfest Tage), кој привлекува посетители од целата држава. Градот само што ја прославил својата 250-годишнина и го чува шармот на традиционален германски рибарски град. Галерија
НаводиНадворешни врски
|