Христо Галабов
Христо Галабов некаде се сретнува и како Христо Галбов (грчки: Хρεστος Γκαλμπος) ( 1898 во Желегоже, Костурско, Егејска Македонија — 30 ноември 1963) — македонски револуционер, член на ВМРО (Обединета), активист на македонското националноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија.[1][2] ЖивотописВо 1925 година станал член на синдикатите, а набрзо и синдикален раководител. Член на КПГ станал во 1919 година. Од 1934 година станал член и заменик секретар на ВМРО (Обединета) во Егејскиот дел на Македонија.[3][4] Поради својата револуционерона дејност, многупати бил затворан и интерниран. Во грчките затвори лежел повеќе од дваесет години.[1][2] По доаѓањето на власт на диктатурата Метаксас во август 1936 година. Новиот режим ги прогласил КПГ и ВМРО (Обединета) за нелегални и ги вовела големите масовни апсења, гонења и интернирања кон нивните членови. Меѓу погодените од ова беа Андреа Чипов, Лазо Трповски, Христо Галабов, Трифун Хаџијанев, Алеко Тенекеџиев, Фоти Урумов и Коста Думов. Така нагло згаснало и постоењето на ВМРО (Обединета) во грчка окупирана Македонија.[5] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|