Центар-Долина на Лоара
Центар-Долина на Лоара (француски: Centre-Val de Loire), порано само Центар (Centre) — еден од 26-те региони во Франција, сместен северозападно од вистинскиот центар на земјата, околу Долината на Лоара. Главен град е Орлеан, а најголем е Тур. ЗнаменитостиНајголема знаменитост во регионот е Долината на Лоара. Карактеристични за ова подрачје се плодните долини долж реката Лоара и нејзините притоки: Шер, Енр, Лоаре. Тука се наоѓаат прочуените замоци на Лоара, кои привлекуваат голем број туристи во регионот. Назив и променаДо промената во 3015 г., името на регионот било чисто географско и нема друго значење. Ова се должи на фактот што регионот е составен од преголем број на историски покраини за да има едно име. Меѓутоа, регионот не е географски центар на Франција. Оттука, многумина сметале дека ова име е неточно, но и премногу безлично. На 17 јануари 2015 г. регионот е преименуван во Центар-Долина на Лоара, за да се одрази фактот што во него се наоѓа ова познато културно-историско поречие. Поголеми градовиПоврзаноНаводи
Надворешни врски
47°30′N 1°45′E / 47.500°N 1.750°E
|