Црква „Св. Атанасиј“ - Габрово
Света Атанасиј — главна селска црква во гевгелиското село Габрово, Македонија.[1][2] Црквата се наоѓа на самото сретсело, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта. МестоположбаЦрквата се наоѓа во самото средиште на селото. ИсторијаЦрквата била подигната во 1851 година, што може да се види од записот на еден камен блок над крстот на западната фасада, што всушност претставува дел од првобитната црква.[2] АрхитектураСпоред својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со обоени дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. На источниот ѕид има голема полукружна олтарна апсида, а на јужната и западната страна има отворен трем. Покривната конструкција, која е на две води, се држи на шест колони во два реда (по три столбови).[2] Градител на овој храм е познатиот Андон Китанов.[2] ФрескоживописЦрквата добила фрескоживопис неколку години по нејзината изградба, во текот на втората половина XIX век од Димитар Андонов-Папрадишки.[2] ИконостасЦрквата поседува иконостас исполнет со стари и нови икони кои потекнуваат од XIX и XX век.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|