Share to:

 

Црква „Св. Атанасиј“ - Смолево

Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Седумнаесетта приградска
Местоположба

Карта

Координати 41°0′29.8″N 21°19′6.5″E / 41.008278°N 21.318472°E / 41.008278; 21.318472
Место Смолево
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба 1859
Осветување 2009 (реосветена)
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Смолевскиот манастир во битолското историско село Смолево, Македонија.[1]

Местоположба

Црквата се наоѓа јужно од градот Битола, крај познатата мотокрос-патека. Таа е единствената зачувана градба од поранешното село, сместено меѓу Лавци и Буково на планината Баба.[2]

Историја

Храмот бил подигнат на 11 октомври 1859 година од страна на Калина Јосиф Скантели за време на пелагонискиот владика Венедикт. Црквата за време на Првата светска војна била целосно уништена.[3]

Црквата била обновена откако бил затворен некогашниот воен полигон на ЈНА од страна на мештани од соседното село Лавци.[4]

Според натписната плоча кај главниот влез, црквата била реосветена на 9 мај 2009 година.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Манастир Св. Атанасие – Смолево“. Bitola.info. Посетено на 19 декември 2021.
  3. Bitola, Babam (2017-10-11). „Црквата св. Атанас с.Смолево, изградена на 11 Октомври 1859“. Бабам Битола (англиски). Посетено на 2024-09-14.
  4. „Сите патишта денес водат до црквичката Св. Атанасиј во Смолево - АПЛА.мк - Без пардон за Битола“. apla.mk. Посетено на 2024-09-14.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya