Смолево
Смолево — историско село на планината Баба, во атарот на денешното село Лавци, Општина Битола. Денес, на местото на селото има мотокрос-патека и зачуваниот Смолевски манастир со црквата „Св. Атанасиј“.[2] МестоположбаСмолево се наоѓало на планината Баба, југозападно од градот Битола, помеѓу селата Лавци и Буково. Со текот на времето ова село се раселило и денес на селскиот атар постојат црква, археолошко наоѓалиште и мотокрос-патека. ИсторијаВо месноста Црквиште-Рамниште кај Смолево е откриена средновековна населба.[3] СтопанствоАтарот на селото е заеднички со оној на селото Буково. НаселениеСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Смолево живееле 5 жители, сите Македонци.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Смолево се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 3 куќи.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смолево имало 24 Македонци, под врховенството на Цариградската патријаршија..[6] Селото е иселено и на негово место е зачуваниот манастир и мотокрос-патеката. Атарот е припоен кон селото Буково. Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Смолево било село во Битолската Каза на Отоманското Царство. Културни и природни знаменитости
Култура и спортВо атарот на селото се наоѓа истоимената мотокрос-патека.[8] Покрај оваа патека, во близина на некогашното село биле трасирани и четири велосипедски патеки во 2022 година со што Смолево прераснал во велосипедски парк.[9] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |