Мнозинството од Чесите се католици, но има и голем број атеисти. Го говорат чешкиот јазик кој е тесно поврзан со словачкиот и горно сорбскиот јазик.[9] Предци на Чесите се старословенските народи кои ја населувале Бохемија и Моравија од шестиот век па натаму.
Етничките Чеси се нарекувале Бохемијци до почетокот на 20ти век,[10] според поранешното име на нивната земја, Бохемија, кое пак потекнува од името на келтското племе Боји. За време на големата преселба, западнословенските племиња се населиле во областа, „асимилирајќи го преостанатото келтско и германско население“, и формирало кнежевство во 9ти век, кое првично било дел од Велика Моравија, а подоцна Кралство Бохемија, претходници на денешната современа република.
Историја
Чесите се потомци од старите словенски племиња, со значителни келтски и германски мешања.[11] Словенските племиња ги населувале егионите околу Бохемија, Моравија и Шлеска од 6 век. Според еден популарен мит, Чесите потекнуваат од некој Татко Чех којшто бил населен на планината Рип. Во 880 година, Прашкиот замок бил изграден од Боривој I, кнезот на Бохемија и градот Прага бил воедно тогаш основан. Вратислав втори на Бохемија беше првиот чешки крал во 1085 година.
Втората половина на 13 век беше петиод на огромна скала на германска имиграција во Чешките земји. Бројот на чеси кои имале најмалку германско потомство најверојано беше стотици илјади.[12] Хабсбуршката монархија се концентрираше повеќе на нивната моќ на религиозна војна против протестантитге. Додека беа овие религиозни војни, чесите револтирале против Хабсбуршката морхија од 1546 па сè до 1547 година но беа победени од витезот на Саксонија. Војните помеѓу католиците и протестантите конечно завршиле во 1555 година со легализацијата на протестанската вера која во мал број постои и ден денес.[13]
Чешките патриотски автори се обидуваа да го наречат следниот период, од 1620 до 1648 година па сè до касниот осумнаесетти век, темно доба. Овој период е карактезиран со опустошување од страна на надворешните трупи, Германизација, и економско и политичко влошување. Се смета дека популацијата на Чешките земји се намалила до третина поради 30 годишната војна и изгонувањето на протестантите.[14] Во текот на 20 век, Чикаго беше трет најголем град со Чеси во светот после Прага и Виена.[15][16]