Шестдневна војна
Арапско-израелска војна од 1967 (наречена и Шестдневна војна) — воен конфликт кој се водел помеѓу Израел и арапските соседи Египет, Јордан и Сирија од 5 јуни до 10 јуни 1967 година. Војната завршила со победа на Израел, кој во војната ги зазел Појасот Газа, Синај, Западниот брег и Голанската Висорамнина. Последиците од оваа војна влијаат врз геополитичката ситуација во регионот и денес. ПоводПериодот по Суецката криза не поминувал без конфликти помеѓу Израел и соседните арапски земји. Помеѓу 1965 и 1967 година се случиле низа сериозни инциденти на границата на Израел со Сирија и Јордан. Поддршката на Сирија за терористички напади од страна на палестинската организација Фатах врз еврејското население била повод за израелска инвазија врз арапските држави. Во почетокот на 1967 година, Израел бил цел на напади од страна на сириското воздухопловство главно во Ерусалим, во кои биле срушени и шест сириски авиони. Тек на војнатаШестдневната војна траела од 5 јуни до 10 јуни 1967 г. Од израелска гледна точка, војната била превентивен воен поход, чија цел е зачувување на израелската држава од пропаѓање како и зачувување на идентитетот на Евреите. Војната била многу добро стратегиски разработена и иницирана од страна на генерал Моше Дајан, тогашниот израелски министер за одбрана. Причина за оваа војна е, од една страна, притисокот на Египет врз мировните сили на ООН, дислоциран по Синајската кампања од 1956 година и новата египетска поморска блокада, која го затвора Акапскиот Залив за израелско пристаниште; а од друга страна, од концентрацијата на арапските армии на израелските граници во мај 1967 година. Успехот на Израел
Резултати од војната
Последиците од војната директно влијаеле на денешната геополитичка ситуација на регионот. Дипломатски односи помеѓу земјите кои учествувале во оваа војна биле постигнети во 1991 година. Наводи
Надворешни врски
|