Шмалкалден
Шмалкалден (германски: Schmalkalden) — град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во југозападниот дел на сојузната покраина Тирингија, во Германија. Се наоѓа на јужните падини на Тириншката Шума на реката Шмалкалде, притока на реката Вера. ИсторијаПрвпат бил споменат во декрет од 874 година, како „Смалкалта“ (Smalcalta) во франкското војводство Тирингија, дека добила градски права околу 1180. Кога ландгрофот Хајнрих Распе на Тирингија умрел без потомок во 1247, преминал на династијата Хенеберг-Шлојзинген, додека поголемиот дел од грофовијата припадналото на династијата Ветин во Мајсен. За да го обезбедат нивното преземање, грофовите на Хенеберг се здружиле со Хесен. Во 1360, заедно со ландгрофот Хајнрих Втори од Хесен го исплатил Фридрих Петти, синот на Елизабет од Хенеберг. Во 1531 градското собрание на Шмалкалден било место на основање на Шмалкалдската лига од протестантските принцови под водство на ландгрофот Филип Први од Хесен, со цел заштита на религиозните и политичките интереси во нивните граници. Во 1537, Шмалкалдските членови биле напишани од Мартин Лутер, Филип Меланхтон и другите реформатори. Кога грофовите на Хенеберг престанале да постојат во 1583, нивниот дел бил наследен од Вилхелм Четврти. Вилхелм го направил градот своја резиденција и бил изграден замокот Вилхелмсбург, завршен во 1590. Грофовијата Шмалкалден останал ексклава на Хесен, од 1868 па натаму бил дел од пруската покраина Хесен-Насау, додека не бил припоен во покраината Саксонија во 1944 и во 1945 станал дел од покраината Тирингија. Градот доживеал жестоки бомбашки напади во Втората светска војна. Од 1949, со Тирингија, бил дел од Источна Германија. Во јули 2018 година, поранешната општина Шпрингштиле била припоена кон градот Шмалкалден. Главни знаменитости
Познати луѓе
Меѓународни односиШмалкалден е збратимен со: Галерија
Наводи
Надворешни врски
|