Преработениот систем на Јеркисовиот атлас[7] дава густа решетка од стандардни ѕвезди за спектрите на џуџињата од типот A, но не сите од нив опстојале до денес како стандарди. Стандардните ѕвезди во MK-системот меѓу џуџињата од главната низа од типот A (т.е. оние непроменети со текот на времето кои го дефинираат системот) се Вега (A0 V), Фекда (A0 V) и Фомалхаут (A3 V).[8][9] Епохалната преработка на MK-класификацијата од Морган и Кинан (1973)[9] не дава стандарди меѓу типовите A3 V и F2 V. HD 23886 е предложена како стандард за A5 V во 1978 г.[10]
Ричард Греј и Роберт Гарисон ја имаат заслугата за последните придоенси кон класификацијата, објавени во два труда од 1987[11] и 1989 г.[12] Тие наведуваат разни спектрални стандарди за бавно- и брзовртечки џуџиња од типот A, како што се HD 45320 (A1 V), HD 88955 (A2 V), 2 Мала Водна Змија (A7 V), 21 Мал Лав (A7 V) и 44 Кит (A9 V). Понекогаш ѕвездата Зосма (A4 V) се среќава како стандард. Нема објавени стандардни ѕвезди за A6 V и A8 V.
Планети
Ѕвездите од типот A се млади (стари неколку стотини милиони години) и многу од нив лачат инфрацрвено зрачење повеќе од очекуваното. Овој инфрацрвен вишок се должи на прашината која ја исфрла остаточен диск кога се образуваат планети.[13]
Прегледите укажуваат дека околу ѕвездите од типот A често се создаваат планети, иако тие тешко се пронаоѓаат со методот на Доплерова спектроскопија. Ова е бидејќи ѕвездите се вртат многу бргу, што го спречува мерењето на малите Доплерови поместувања предизвикани од планети во орбита бидејќи спектралните линии се многу широки.[14] Меѓутоа, овој тип на масивна ѕвезда со време се развива во поладен црвен џин кој се врти побавно и може да се мери по методот на радијална брзина.[14] До почетокот на 2011 г. пронајдени се околу 30 планети од јупитеровата класа сместени околу развиени K-џинови, меѓу кои се Полукс, Ерај и Едасих. Доплеровите прегледи на најразлични ѕвезди покажуваат дека 1 од 6 ѕвезди со двојно поголема маса од Сонцето имаат една или повеќе планети со големина на Јупитер, споредено со 1 од 16 за ѕвезди слични на Сонцето.
[15]
↑Habets, G. M. H. J.; Heintze, J. R. W. (1981). „Empirical bolometric corrections for the main-sequence“. Astronomy and Astrophysics Supplement Series. 46: 193. Bibcode:1981A&AS...46..193H.Tables VII, VIII
↑Johnson, H. L.; Morgan, W. W. (1953). „Fundamental stellar photometry for standards of spectral type on the Revised System of the Yerkes Spectral Atlas“. The Astrophysical Journal. 117: 313. Bibcode:1953ApJ...117..313J. doi:10.1086/145697.
↑Morgan, W. W.; Abt, Helmut A.; Tapscott, J. W. (1978). Revised MK Spectral Atlas for stars earlier than the sun. Bibcode:1978rmsa.book.....M.
↑Gray, R. O.; Garrison, R. F. (1987). „The Early A-Type Stars: Refined MK Classification, Confrontation with Stroemgren Photometry, and the Effects of Rotation“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 65: 581. Bibcode:1987ApJS...65..581G. doi:10.1086/191237.
↑Gray, R. O.; Garrison, R. F. (1989). „The Late A-Type Stars: Refined MK Classification, Confrontation with Stroemgren Photometry, and the Effects of Rotation“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 70: 623. Bibcode:1989ApJS...70..623G. doi:10.1086/191349.
↑ 14,014,1Johnson, John Asher; Fischer, Debra A.; Marcy, Geoffrey W.; Wright, Jason T.; Driscoll, Peter; Butler, R. Paul; Hekker, Saskia; Reffert, Sabine; Vogt, Steven S. (2007). „Retired a Stars and Their Companions: Exoplanets Orbiting Three Intermediate‐Mass Subgiants“. The Astrophysical Journal. 665: 785–793. arXiv:0704.2455. doi:10.1086/519677. S2CID15076579.
↑
Johnson, J. A. (2011). „The Stars that Host Planets“. Sky & Telescope (April): 22–27.
↑
Smalley, J. B. (2014). „Eclipsing Am binary systems in the SuperWASP survey“. Astronomy and Astrophysics (April): 20.