Боровидни
Боровидни (науч. Pinales или Coniferales) — ред на растенија од класата Четинари која ги содржи современите претставници кедар, бор, ела, смрча, ариш, секвоја, чемпрес, смрека и други. Меѓутоа, познати се и неколку фосилни иглолисни растенија кои не припаѓаат во овој ред. Посебна одлика на овие растенија е репродуктивната структура позната како шишарка. Порано тиса била сместувана во свој посебен ред (Taxales), но скорешните генетски истражувања покажаа дека таа е монофилетска со другите иглолисни растенија, па затоа денес систематската положба и е во овој ред. Наводи
|