Натриум бромид — неорганско соединение со формулата NaBr. NaBr е бела, кристална цврста суптстанца која што е подложна на топење при висока темпераура која наликува на натриум хлорид. Тој е широко користен извор на бромидниот јон и има многу голема примена.[7]
Синтеза, структура, реакции
NaBr кристализира во истиот кубен мотив како NaCl, NaF и NaI. Анхидридната сол кристализира на 50,7 °C.[7]Дихидратните соли (NaBr·2H2O) кристализираат надвор од воден раствор под 50,7 °C.[8]
Натриум бромидот може да се користи како извор на бром. Ова може да се постигне со третирање на воден раствор на NaBr со хлор во гасовита фаза:
2 NaBr + Cl2 → Br2 + 2 NaCl
Употреба
Натриум бромид е најкорисен неоргански бромид во индустријата.[7] Исто така се користи како катализатор во реакциите на оксидација со посредство на ТЕМПО.[9]
Медицина
Исто така познат како Sedoneural, натриум бромидот се користи како хипнотик, антиконвулзивен лек и седатив, уште од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Неговото дејство се должи на бромидниот јон и поради оваа причина калиум бромид е подеднакво ефикасен. Во 1975 година, бромидите биле отстранети од лековите во САД како што е Бромо-Селцер поради токсичност.[10]
Подготовка на други соединенија на бром
Натриум бромидот е широко користен за подготовка на други бромиди во органската хемија за оррански синтези и други области. Тој е извор на бромид нуклеофил за претворање на алкил хлориди во пореактивни алкилбромиди со Финкелштајнова реакција:
Во минатото NaBr наоѓал голема потреба во фотографирањето, но сега се оваа побарувачка е намалена, па наместо NaBr се користи фотосензитивната сол сребрен бромид кој што се подготвува со користење на NaBr.
Средство за дезинфекција
Натриум бромид се користи заедно со хлор како средство за дезинфекција за топли кади и базени.
Нафтена индустрија
Поради неговата висока растворливост во вода (943,2 g/L или 9,16 mol/L, на 25 °C) натриум бромидот се користи за подготовка на густи течности за дупчење што се користат во нафтени бунари за да се компензира можниот прекумерен притисок што се јавува во колоната на течноста и да се спротивстави на поврзаниот тренд на издување. Присуството на натриум катјонот исто така предизвикува бентонитот додаден во течноста за дупчење да отече, додека високата јонска јачина предизвикува бентонитна флокулација.
Безбедност
NaBr има многу ниска токсичност со орален LD50 проценет на 3,5 g/kg за стаорци.[6] Сепак, ова е вредност за единечна доза. Бромидниот јон е кумулативен отров со релативно долг полуживот (повеќе од една недела кај луѓето): видете калиум бромид.
↑ 6,06,1„Sodium bromide MSDS“. sciencelab.com. Sciencelab.com, Inc. 2013-05-21. Архивирано од изворникот(PDF) на 2013-10-07. Посетено на 2014-06-11.
↑ 7,07,17,2Michael J. Dagani, Henry J. Barda, Theodore J. Benya, David C. Sanders "Bromine Compounds" in Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry Wiley-VCH, Weinheim, 2000. doi:10.1002/14356007.a04_405