Љубаништа
Љубаништа (поретко и како Љубаниште) — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид, во непосредна близина на манастирот Свети Наум. Географија и местоположбаОва село се наоѓа во Охридско, во најјужниот дел на територијата на Општина Охрид, недалеку од брегот на Охридското Езеро, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Ресен и со државната гранична линија со Албанија.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Се наоѓа на патот Охрид-Свети Наум, а од градот е оддалечено 29 километри.[2] Селото се наоѓа во најјужниот дел на областа, сместено во близина на познатиот манастир „Св. Наум“, покрај македонско-албанската граница. Во близина на селото се наоѓа устието на реката Черава, која дотекува од Албанија и се влева во Охридското Езеро. На планинската падина јужно од селото постои изворот Чочков Извор, од кој во 1975 година бил спроведен водовод во селото. Покрај селото се наоѓаат и изворите на Дрим.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Војтина, Пропас, Канџа, Присој, Корија, Рајца, Оскоруша и Лагот.[3] Селото е од збиен тип. Поделено е на следниве маала: Булески, Аврамоски, Наумоски, Спировски и други.[3] Селото Љубаништа се наоѓа на југоисточниот брег на Охридското Езеро, во непосредна близина на границата со Албанија (2 километри). Селото е оддалечено 29 километри јужно од градот Охрид, а 12 километри источно од градот Поградец, преку македонско-албанскиот граничен премин. Соседни села се Трпејца на север (во Македонија) и Тушемиште на запад (во Албанија). ИсторијаЉубаништа е стара населба, што може да се увиди на селските гробишта, каде се забележуваат гробови и од средниот век. Првпат се споменува во 1582 година, кога тука живееле 70 христијански домаќинства.[3] Постои предание дека за време на османлиското ропство селото било чифлиг на познатиот Џеладин-бег од Охрид. Бегот подоцна го поклонил селото на манастирот „Св. Наум“, а жителите ја обработувале манастирската земја како исполџии. Покрај нивите, на манастирот припаѓала и шумата на Галичица.[3] Во XIX век, Љубаништа било село во Охридската каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот е релативно голем и зафаќа простор од 38,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.528 хектари, на пасиштата отпаѓаат 817 хектари, а обработливото земјиште 295 хектари.[2] Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција, која сепак во поново време се заменува со рекреативно-туристичка функција.[2] По Втората светска војна, по одземањето на манастирската земја од страна на државата, било основано земјоделското друштво „Горица“ со седиште во Охрид. На подрачјето на селото се одгледувала винова лоза и имало овоштарници со јаболка.[3] Селаните никогаш не се занимавале со риболов, иако селото е сместено во непосредна близина на езерото. Порано чувале стока, но денес сточарството е целосно напуштено.[3] Во месноста Рајца, веднаш покрај езерото, бил подигнат автокамп. Исто така, во селото биле изградени и многу вили за туристички цели.[3] Население
Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 45 домаќинства и 125 жители.[4] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Љубаништа живееле 350 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Љубаништа имало 360 жители, патријаршисти.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Љубанишча е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 45 куќи.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8] Љубаништа преминало од средно во мало село по големина. Така, во 1961 година селото броело 455 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 185 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Љубаништа живееле 171 жител, од кои 169 Македонци, 1 Турчин и 1 останат.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 145 жители, од кои 112 Македонци и 33 лица без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЉубаништа е македонско православно село, сите родови во селото се староседелски.[3] Родови во Љубаништа се: Аврамовци (4 к.), Доневци (3 к.) и Јаневци (2 к.), како се мисли овие родови се староседелски. Од нив потекнуваат следните нивни гранки: Булевци (9 к.), Спировци (6 к.), Перовци (5 к.), Наумовци (5 к.), Пуљчевци (4 к.), Ристевци (1 к.), Трпевци (4 к.), Марковци (2 к.), Климовци (2 к.) и Ристевци (1 к.). Во ова село чести биле имињата Наум и Крстан.[3] Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:[15]
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Елшани, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Љубаништа и Трпејца Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 154 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
ЛичностиБорци во НОБКако борци во НОБ од селото Љубаништа биле следниве:[20]
Дејци на ВМОРОИселеништвоСе знае за следните иселени родови од селото: Аврамовци (12 к.), живеат во Мешеишта и Иљовци (30 к.), живеат во Мороишта.[3] По Втората светска војна, од селото се иселил голем број од населението, главно во градот Охрид.[3] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|