Речица (Охридско)За други истоимени места, погледајте Речица.
Речица — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. Потекло на иметоСелото најпрвин запишано како Речица се сретнува во 1300 година. Се верува дека името потекнува од деминитувната форма на река, „речица“.[2] Географија и местоположбаОва село се наоѓа во Охридското Поле, во повисокиот источен дел на Општина Охрид, недалеку од патот Охрид-Ресен.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри. Од градот Охрид селото е оддалечено 22 километри.[3] Речица влегува во особено планинските села. Се наоѓа во изворишниот дел на Коселска Река. Околни села се: Свиништа на југ и Плаќе на исток. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од извори.[4] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Маркои Кули, Ветница, Мала Река, Рашанец, Стогово, Мокреш, Кали Падина, Осој, Мазатар и други.[4] Селото во основа има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родови.[4] Речица се наоѓа во подножјето на планината Мазатар, која е дел од Плакенска Планина. Селото се наоѓа на присој и по цел ден е изложено на сончевите зраци, а од друга страна високите планини го штитат од струењето на ветровите. До селото води асфалтен пат.[5] ИсторијаСелото отсекогаш се наоѓало на истото место, но сепак нема податоци за тоа кога е основано. Постои предание дека селото секогаш било едно од најмалите села во областа.[4] Во XIX век, Речица било село во Охридската каза на Отоманското Царство. Во текот на Илинденското востание, на теренот околу Речица се повлекле значителен број на жители од околните населби. Меѓутоа, нивната положба била откриена на Турците од страна на мештанинот Велјан Славески.[6] Биле погубени во месноста Рашанец, за што подоцна била испеана и народна песна.[4] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 10,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 694 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 199 хектари, а на пасиштата само 14 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3] До Втората светска војна, мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство. Биле одгледувани различни земјоделски култури, но земјиштето не било плодно.[4] Во селото Речица работат повеќе валавици.[7] Исто така, во селото има фарма со кози. Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речица живееле 120 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Речица имало 96 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[9] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Речица е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[10] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[11] Селото е мало и во фаза на наполно раселување, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 281 жител, додека во 1994 година бројот се намалил само на 5 жители.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Речица живееле 5 жители, сите Македонци.[12] Во 2013 година, селото имало само 1 жител преку текот на целата година.[5] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиРечица е чисто македонско православно село. Родовите во селото се сите доселенички. Во Речица сега има само 3 рода.[4] Родови во Речица се: Славевци (2 к.), Ристевци (2 к.) и Крчевци (2 к.), сите родови се доселенички со непознато место на старина. Од родот Славевци бил Велјан Славески кој за време на Илинденското востание ги предал комитите на Турците, по што се случил масакрот во Рашанец. Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:[17]
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било седиште на некогашната рурална Општина Косел. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на тогашната општина Косел. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која селото покрај селото Речица, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Косел, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Расино, Свиништа и Сирула. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Речица, во која влегувале селата Плаќе, Речица и Свиништа. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1342 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект во селото Свиништа.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 97 гласачи.[19] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
ИселеништвоВо периодот меѓу двете светски војни, од селото немало голем број на иселеници. Меѓутоа, по Втората светска војна имало значителен одлив на населението. Иселеници има во селата Орман (Ристески, 3 к.), Горно Лакочереј (Славевци, 4 к. , Речковци, 2 к.) и Долно Лакочереј (Крчевци, 5 к. и Речковци, 6 к.), а иселеници има и во градот Охрид.[4] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|