На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Лакочереј е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Горно Лакочереј е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 595 жители, а во 1994 година 582 жители, од кои 566 биле Македонци, 2 Албанци, 4 Срби и 10 други.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 515 жители, од кои 511 Македонци, 1 Албанец, 2 Срби и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 446 жители, од кои 431 Македонец, 1 Влав, 1 останат и 13 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото Горно Лакочереј отсекогаш било македонско православно село, во селото има 4 родови и сите се доселенички.[11]
Родови во Горно Лакочереј се:
Јосмовци (70 куќи) потекнуваат од предокот Никола Јосмо кој дошол во селото во XIX век заедно со неговите синови од селото Велестово. Познат е Димитри кој подоцна бил убиен од некој турчин, (по него најголемиот дел од Јосмовци го имаат презимето Димитриески). Димитри имал тројца синови: Јован (Јованче, Јонче), Сарафин и Симон Споменатиот Јован имал шест синови и пет ќерки. Од родот Јосмовци денес во селото се: Јосмовци, Сарафиновци, Симоновци, Иловци (Недески), Спировци, Стојаноски, Николоски и др.
Дировци (20 куќи) доселени се од селото Вапила, таму припаѓале на родот Шандаковци;
Тодоровци (10 куќи) доселени се од селото Куратица
Шетковци (10 куќи) се доселеници со непознато место на старина.
Стевовци (5 к.) доселени се од селото Вапила. Таму припаѓале на родот Милевци.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Доселеници:Анѓелевци или Брбаровци (2 к.) и Стојановци или Ристовци (3 к.) доселени се однекаде; Шетковци (3 к.) доселени се од некое село во Дебрца; Јосмовци (15 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Велестово; Ѓузеловци (4 к.) доселени се околу 1860 година од Куратица или Вапила; Кузмановци (2 к.) доселени се околу 1870 година од селото Вапила. Таму припаѓале на Климовци; Апостоловци (1 к.) доселени се околу 1878 година од селото Лешани во Дебрца; Речковци (2 к.) доселени се од селото Речица; Черкезовци (1 к.) доселени се од селото Косел; Бузевци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Велгошти; Ѓомлезаровци (1 к.) по потекло се од селото Сирула. А оделе од чифлик на чифлик; Пршковци или Анѓеловци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Куратица; Дировци (4 к.) доселени се во 1912 година од селото Вапила; Дојчиновци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Сирула; Миленковци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Плаќе; Опрашковци (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Велестово; Мерковци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Сирула; Димовци (1 к.) доселени се во 1932 година од селото Долно Лакочереј; Маленковци (1 к.) доселени се во 1930 година од Охрид; Матевци (1 к.) доселени се од селото Плаќе; Опутовци или Василевци (1 к.) доселени се во 1937 година од селото Опеница; Деспотовци (1 к.) доселени се од селото Завој; Ѓоревци (1 к.) доселени се од селото Плаќе; Пешликовци (1 к.); Шилевци (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Опеница.[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Русиќ, Бранислав. Охридско Поле. Архивски фонд на МАНУ АЕ 87/1.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.