Адријан
Адријан (латински: Publius Aelius Traianus Hadrianus или Imperator Caesar Traianus Hadrianus Augustus[1]) — третиот римски цар од династијата на Антонините. Познат е и како Публиј Елиј Трајан Адријан ЖивотописАдријан е роден на 24 јануари 76 во градот Италика, во близината на Севиља, денешна Шпанија. Според натписот на еден споменик, еден од учителите на малдиот Хадријан бил софистот Исеј од Атина.[2] Со Римското Царство управувал од 8 август 117 година до 10 јули 138 година, а негов наследник бил Антонин Пиј. За време на неговото владеење, Римската Империја била во мир и спокојство во текот на 21 година. Во 120 година, тој го изградил храмот Пантеонот во Рим, една од најзачуваните објекти од времето на Римското Царство, како и храмот на Зевс во Атина. Исто така, во 122 година го изградил познатиот Адријанов ѕид во Велика Британија. Царот Адријан покажувал голем интерес за уметноста при што и тој самиот пишувал стихови. На пример, есента 124. година, „на бреговите на Хеликон, крај Нарцисовиот извор“, ги напишал песните „Љубов“ и „Ураниската Венера“, кои се врежани на внатрешниот ѕид на храмот во Теспија. Според сведоштвото на Паусанија, приближно во истото време, царот Хадријан напишал уште една песна на Епаминондиниот гроб во Мантинеја, но таа не е сочувана. Неговата најпозната песна е „Animula vagula blandula“.[3][4] Значење и влијаниеЖивотот на царот Адријан е тема на едно од најпознатите дела на француската писателка Маргерит Јурсенар, романот „Мемоарите на Адријан“, објавен во 1951 година.[5]
Принципат 27 п.н.е. — 235:
Наводи
|