Јован IV Ласкарис
Јован IV Ласкарис (25 декември 1250 – о. 1305) — цар на Никеја од 18 август 1258 година до 25 декември 1261 година. Ова царство било една од византиските држави создадени од остатоците на Византија, по освојувањето на Цариград од страна на католиците за време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година. Јован бил син на Теодор II и Елена Асенина. Негови дедо и баба од мајчина страна биле царот Иван Асен II од Бугарија и неговата втора сопруга Ана Марија од Унгарија. Ана била првично крстена како Марија и била најстарата ќерка на Андраш II од Унгарија и Гертруда Мераниска. Јован IV имал само седум години кога го наследил престолот по смртта на својот татко. Младиот цар бил последниот член на ласкаридската династија, кој направил многу за да ја обнови Византија. Неговиот регент бил бирократот Ѓорѓи Музалон, но Музалон бил убиен од благородништвото, и водачот на благородниците Михаил Палеолог го узурпирал местото. Наскоро, на 1 јануари 1259 година, Палеолог се прогласил за совладетел познат како Михаил VIII. Михаил, всушност бил Јованов роднина од второ колено, бидејќи и двајцата потекнувале од Ефросина Дукина Каматерина. По Михаиловото освојување на Цариград од Латинското Царство на 25 јули 1261 година, Јован IV оставен во Никеја, и подоцна бил ослепен по наредба на Михаил на неговиот единаесетти роденден, 25 декември 1261 година.[1] Ова го направило неспособен да владее, и тој бил протеран и затворен во тврдината Витинија. Ова дејство довело до екскумуникација на Михаил VIII Палеолог од страна на Арсениј Цариградски, и подоцнежен бунт воден од човек кој лажно се претставувал како Јован IV во близина на Никеја. Јован IV го минал остатокот од својот живот како монах во Дакибиза,[2] под името Јоасаф.[3] Постои преписка на Шарл Анжујски, од 9 мај 1273 година, која се однесува на извештај дека Јован избегал од затвор и го поканува да дојде на неговиот двор. Понатамошните документи покажуваат дека по неговото доваѓање и прифаќањето на пензија од анжујците старите непријатели на Михаил Палеолог. Сепак, ова е спротивно на пишувањата на историчарите Ѓорѓи Пахимер и Никифор Григора, кој запишале дека Јован останал во Дакибиза многу подолго по смртта на Михаил VIII. Во неговото изучување на владеењето на Михаил VIII, историчарот Дино Џон Генакопло ја разгледува спротивноста на доказите и дошол до заклучок дека документите на Шарл Анжујски биле наменети да служат како пропаганда, „за да ја привлече поддршката на легитимните, pro-Lascarid Greeks на Византија, како и да го намали антианжујското расположение кај останатото византиско население на територијата на јужна Италија и Сицилија.“[4] Во 1290 година Јован бил посетен од синот наследник на Михаил VIII Андроник II, кој побарал прошка за ослепувањето кое муго сторил неговиот татко три децении порано. Како што запишал Доналд Никол, „Настанот морал да бил посрамувачки за двете страни, но особено за Андроник кој бил добитникот од криминалните дејства на неговиот татко кон Јован Ласкарис.“[5] Сменетиот цар починал околу 1305 година и бил прогласен за светец, чиј спомен се почитувал во цариград во XIV век. Семејно стебло
Наводи
Литература
Дополнителна литература
|