Константин VI Слепиот
Константин VI (старогрчки: Κωνσταντῖνος Ϛ΄, Kōnstantinos VI; 14 јануари 771 – пред 805[1]) — византиски цар од 780 до 797 година. Ран живот и регент на ИренаКонстантин VI бил единствено дете на царот Лав IV и Ирена. Константин бил крунисан како совладетел во 776 година и го наследил како единствен цар во 780 година на деветгодишна возраст. Поради неговата младост, Ирена и неговиот главен претставник Ставракиј биле регенти наместо него.[1] Во 782 година бил верен со Ротруда, ќерка на франкискиот крал Карло Велики од неговата трета жена Хилдегард. Самата Ирена ја прекинала веридбата во 788 година. Во 787 година, Константин ги потпишал декретите на Вториот никејски собор, но имал симпатии кон иконоборството.[1] Дотогаш, Константин наполнил 16 години, но неговата мајка не му ја дала извршната власт. Откако бил задушен заговорот против Ирена во пролетта 790 година се обидела да добие официјално признание како царица. Ова било одбиено и со воена поддршка Константин на крајот дошол на власт во 790 година, откако Арменијакон се спротивставил против Ирена. Сепак, таа ја задржала титулата царица, која ѝ била потврдена во 792 година. ВладеењеОткако стекнал контрола на државата, Константин се покажал неспособен за добро владеење. Неговата армија била поразена од Арапите и самиот Константин имал ужасен пораз од страна на Кардам во 792 година во Битката кај Маркели.[1] Се појавило движење во корист на неговиот чичко, цезарот Никифор. Константин ги извадил очите на неговиот чичко, а јазиците на другите четворица полубраќа на татко му им ги отсекол. Неговите поранешни ерменски поддржувачи се спротивставиле откако го ослепел нивниот генерал Алексиор Мозел. Го запрел овој протест со неверојатна суровост во 793 година.[1] Потоа се развел од неговата жена Марија Амниска, која не му донела машки наследник и се оженил со неговата љубовница Теодота, непопуларен и неканонски чин, кој ја вжештил т.н. „Мехиска контроверза“. Иако патријархот Тарасиј не се изјаснил јавно против тоа, одбил да ја официјализира бракот. Популарно неодобрување било изразено од вујкото на Теодота, Платон Студит, кој го нападнал дури и Тарасиј поради неговата пасивност. Избувливоста на Платон довело до негово затворање, додека неговите поддржувачи биле гонети и избркани во Солун. „Мехиската контроверза“ довела до опаѓање на популарноста на Константин, особено во црковните кругови.[1][2][3] На 19 април 797 година, Константин бил заробен, ослепен и затворен од поддржувачите на неговата мајка, која организирала заговор, оставајќи ја Ирена да биде крунисана како единствена царица на Цариград. Непознато е кога точно умрел Константин; сигурно било пред 805 година, но многу е веројатно да умрел кратко откако бил ослепен. Бил погребан во манастирот „Св. Ефросин“, која го основала Ирена.[1][2][4] Во раните 820-ти години, бунтовникот Тома Славјанинот тврдел дека е Константин VI за да добие поддршка против Михаил II.[5] СемејствоОд неговата прва жена Марија Амниска, Константин VI имал две ќерки:
Од неговата љубовница и потоа втора жена Теодота, Константин VI имал два сина, обајцата умреле млади:
НаводиИзвори
|