Баниште
Баниште (се сретнува и под имињата Бањиште, Баништа, Бањишта) — село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар. Познато е по својата истоимена бања, дел од Дебарските бањи. Потекло и значење на иметоИмето на селото првпат е забележано во XV век (1467 г.). Името може да доаѓа од Бана или Баница што означува „место каде што се наоѓа(ла) Бана, Баница“ или пак од баниште што означува „место каде што имало бања“,[2] како што се двата извори на лековита топла вода, кои биле претворени во два амами во јужниот дел на селото.[3] Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека мештаните селото го нарекувале Баништа. Во поменикот на манастирот „Св. Андреја“ во Матка, покрај Скопје, издаден во периодот XVII и XVIII век, селото се споменува како Баница. Како Баништа е забележано и во преписот на поменикот од страна на Бигорскиот манастир во 1863 година. Слично е запишано и во другите извори од крајот на XIX век. Во поново време се споменува и како Бањиште.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Дебар, на јужните огранки на планината Дешат, а чиј атар се допира со државната гранична линија со Албанија.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 4,5 километри.[4] Селското подрачје се наоѓа помеѓу атарот на селото Клобучишта на север (во Албанија), Скудриње и Горно Косоврасти во Долна Река на исток, Хаме на југ и Спас на запад.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Варварица (некогашно село), Орлов Камен, Клобучишки Ливади, Рудина, Штирна (Голема и Мала), Пашина Ливада, Свети Илија (црква), Србин Дол (тука се наоѓаат гробишта на Хаме), Грмада, Џуглиница, Долна Цес(та), Спаски Пат, Арбанавци, Ваков (на времето имало манастирче), Вакоски Ливади, Ѓоноица, Улица, Џаферица, Спаиско Гумно, Леништа, Ограѓе, Костење, Свети Јоан (некогашна црква), Круша, Рамниште, Листомниче, Гребен (Горни и Долни), Упарки или Уперки, Присој, Страна, Глобоко Ѓубре, Голема Ливада, Цепен Камен, Дрличица, Банишки Дол, Барна, Мажлец, Беличов Камен, Краста, Спротија и Салаици.[3] До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1202. Тлото кај Баниште кон исток е планинско и нерамно, додека на запад преоѓа во блага рамница. Најголемиот дел од земјиштето е варовничко, но се појавуваат и шкрилци. Обработливите површини на некои места се растресити (песокливи со слаби приноси), додека на други места леплива. Освен кон полето, каде има ретки дрвја и овоштарници (главно јаболкници), на останатите страни има ниска шума.[3] На јужниот крај од селото, од исток на запад тече рекичката Ров, која настанува со спојување на неколку извори во планината на месностите Солишта и Ѓорѓов Орев. Реката го раздвојува селото од бањите. Нејзината вода се користела и за пиење, но најмногу за водениците, наводнување на полето и за поење на стоката. Постои издвоен крак кој влегува во селото и носи вода на чешмата Ридоици. Други чешми за пиење се Вилијица и Пишкаиче (Стара Чешма).[3] Селото е поделено на Горно и Долно Маало, чии куќи се свртени кон југ и запад. Куќите биле изградени од камен.[3] ИсторијаПодрачјето на Баниште е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[5] Баниште за првпат е споменато во Опширниот пописен дефтер од 1467 година, а Јохан Хан го споменал во свој патопис од 1863 година, каде детално и ги опишал бањите во селото. Според натпис со арапско писмо, кој се наоѓал во еден од објектите на бањата, како сопственик и добротвор се споменува Хаџи Муџидин Илхами, син на Сулејман, потомок на семејството Орук-заде. Во натписот се потврдува годината на градба 1798-1799 година (или 1213 по хиџра). Денес, натписот се чува во просториите на хотелот.[6] Кон крајот на XIX век, во Баниште живееле 300 Македонци христијани во 60 куќи, но веќе во 1908 година нивниот број се намалил на 35-40, а во селото веќе имало 3-4 неодамна населени арбанашки куќи.[3] Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[7] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 9,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 496,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 244 хектари, а на пасиштата 208 хектари.[4] Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција. Во селото работат продавници.[4] Во минатото, во селото работеле две гостилници со преноќевалиште и пекарница. Мештаните се занимавале со воденичарство, угостителство и ѕидарство.[3] Во самото село избиваат термоминерални извори, што се користат за лекување на повеќе болести во истоимената бања, дел од Дебарските бањи.[4] Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 50 домаќинства со 94 жители христијани (Македонци).[8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Баниште живееле 300 жители, сите Македонци.[9] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Баниште имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[10] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[11] Во 1961 година, Баниште броело 205 жители, од кои 131 биле Македонци, а 70 Албанци, додека во 1994 година биле попишани 195 жители, од кои 182 биле Албанци, а 13 жители Македонци.[4] Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Баниште, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1] Според пописот од 2002 година, во селото Баниште живееле 90 жители, од кои 10 Македонци и 80 Албанци.[12] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 35 жители, од кои 3 Македонци, 28 Албанци и 4 лица без податоци.[13] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Баниште:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиБаниште е македонско-албанско село.[3] Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
ИселеништвоОд ова село има многу иселено муслиманско и православно население. До 1954, од македонското население иселеници има во Софија, Скопје, Лом, Белград, Дебар, итн. Највеќе иселени во Скопје и Софија.[3] Големо иселеништво има и после 1954 година, така да македонско население речиси и да нема повеќе во селото. Подетално се знае за следниве иселени македонски родови: Поповци (2 к.) заминале во Софија во периодот 1915-1943; Дамовци (2 к.), едни заминале во Скопје пред 1900 година, додека другите на гранична служба во 1936 година; Секуловци (2 к.), дел од нив заминале во Скопје во 1938 година; Негријовци (2 к.), заминале во 1918 година во Скопје; Јанковци (7 к.), во 1903 година се преселиле во Дебар, а понатаму преминале во Скопје; исто така имало иселеници од Тунчовци во Скопје (2 к.) и во Софија (3 к.), Марковци во Скопје (2 к.), Калевци во Лом (2 к.) и Стефановци во Скопје (4 к.) и во Софија (1 к.), Таранешовци во Белград (1 к.) и на државна служба (1 к.) и Голеиштанци (1 к.) во Скопје. Од албанските семејства се знае за иселените Лешовци во Дебар во 1941 година.[3] Општествени установи
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Баниште било село во Дебарската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната Општина Баниште, во која влегувале селата Баниште, Кривци и Хаме. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0550 според Државната изборна комисија, сместено во простории на поранешната касарна во Дебар. Во ова избирачко место се опфатени и селата Кривци и Хаме.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 306 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|