Гари
Гари — мијачко село во Општина Дебар, во околината на градот Дебар.[2] Селото е сместено на падините на планината Стогово, под шумата наречена Канеш. Низ самото село поминува Гарска Река, која претставува заштитен споменик на природата. Селото е особено познато по иконостасот и резбата во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, кои биле изработени од тајфата на далеку познатиот мајстор Петре Филиповски - Гарката. Географија и местоположбаГари е дел од областа Мала Река, сместено длабоко во пазувите на планината Стогово, на надморска височина од околу 1100 метри. Селото се наоѓа во една тесна долина, која произлегува од едно ледничко езерце на Стогово. При продорот на словенските племиња на Балканот, меѓу повоинствените се наоѓаат Мијаците. Неколку легенди говорат дека тие како похрабри го населиле најтешко проодниот предел од Македонија по Радика, во пазувите на планините Стогово, Бистра, Јама па сè до Малесија и Лума (Албанија). Според Тома Смилјаниќ, Мијаците се викаат така зошто секогаш биле чисти и измиени. Друго предание говори дека Мијаците го добиле името бидејќи личната заменка „ние“, ја изговараат „мие“. Смилјаниќ смета дека ова толкување е најточно. Според Новаковиќ, (Законски споменици), Гари се споменува во XIV век. Според едно предание се смета дека некогаш Гари се наоѓало во месноста Присој, некаде околу XIV век. ИсторијаСпоред истиот автор се наведува дека Гари било населено од страна на Мијаците во 1760 година, а претходно таа месност била пуста.[3] Според легендата се вели дека во текот на XV век на падините на планината Стогово, во месноста наречена Дрениче постоела црква посветена на Свети Спас, од која неколкупати ја снемувало иконата посветена на светецот. Иконата одлетувала до денешното село Гари, а селаните подоцна ја враќале назад, но настанот се повторувал. Затоа, селаните одлучиле да подигнат нова црква и село на местото каде паѓала иконата.[4] Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ го опишал Гари „како село со повеќе од 180 куќи, повеќето со два или три ката, кои со својата масивна камена структура, изложени на југ и амфитеатрално симетрично распоредени, му даваат еден прекрасен пејзаж“.[3] Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 278 жители христијани (Македонци).[5] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 1000 жители христијани (Македонци).[6] Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[7] СтопанствоВо селото, уште од неговото населување, најголема стопанска дејност била сточарството, поради планинската местоположба и малкуте можности за обработка на земјата. Некогаш, во селото имало 25.000-30.000 овци, од кои се правел кашкавал и сирење, кои се продавале низ Македонија и во странство. Во време на Југославија била направена килимарницата, која вработувала 120 жени, кои произведувале персиски килими, кои на времето се продавале во Германија. Во поново време била најавена странска инвестиција од страна на хрватското претпријатие „Мали Лошињ“, кое започнало со изградба на фабрика за вода за пиење од околните извори. Фабриката е сместена во близина на селото, на оддалеченост од пет километри. НаселениеНа Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Гаре се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 195 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[9] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 10 жители, 9 Македонци и 1 друг.[10] Во последните години, бројот на жители е дополнително намален и одвај да има некој постојан жител преку целата година, додека за време на летниот период, многумина иселени гарци се враќаат во селото. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГари е старо македонско православно село. Според народната традиција еднаш селото пропаднало, па денешното село го обновиле доселеници од разни краишта и од некои раселени села во атарот на Гари.[15] Родови во Гари се: Дудовци (50 к.), најстар род во селото; Којчевци (16 к.); Коџакаровци (8 к.); Џиковци (10 к.), доселени од Тресонче; Пејчиновци (15 к.); Стаматовци (17 к.); Поповци (8 к.); Патниковци (7 к.); Србиновци (15 к.) и Негровци (15 к.). Селото е на патот Дебар-Кичево и затоа се чувствува влијанието на Брсјаците врз населението. Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на големата Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Гари, се наоѓале и селата Лазарополе, Росоки, Селце и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 477/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Могорче.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 827 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Култура и спортОд селото Гари потекнува познатата тајфа на копаничари предводени од Петре Филиповски - Гарката. Меѓу позначајни ракотворби на оваа тајфа резбари се иконостасите во манастирот „Св. Јован Бигорски“ и црквата „Св. Спас“ во Скопје. Личности
ИселеништвоНајголем дел од иселените гарци се наоѓаат во Скопје. Најголемото иселување се случило по затворањето на задругата во 1961 година. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|