Селото е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини се изјаснило како турско население.
Потекло и значење на името
Името на селото првпат е забележано дури во XIX век. Името доаѓа од муслиманското лично име Бајрам, или пак од турскиот збор бајрам што означува „прослава или веселба“.[3]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 10 километри.[4]
Подрачјето на Бајрамовци е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[5]
Бајрамовци некогаш било маало на селото Баланци, но во 1965 година добило статус на посебно село.[6]
Стопанство
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 1,7 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 63,8 хектари, на шумите отпаѓаат 60,9 хектари, а на обработливото земјиште 30 хектари.[4]
Селото е мало, но без некои големи промени во населеноста. Во 1961 година, селото броело 241 жител, а во 1994 година 257 жители, од кои 245 биле Турци, а 11 жители Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото Бајрамовци броело 177 жители, сите Турци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 104 жители, од кои 1 Албанец, 81 Турчин и 22 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Бајрамовци е торбешко (македонско муслиманско) село.[14]
Според истражувањата од 1954 година, во селото живеел само еден голем род.
Доселеници:Бајрамовци (25 к.), се делат на Меровци, Ајдаровци, Абдуловци, Арифовци, Бајровци или Аџи Бајровци и Асановци. Доселени се од селото Житинени во првата половина на XIX век. Подалечно потекло имаат од селото Коџаџик.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0564 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Црно Боци.[15]
↑ 4,04,14,24,3Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 17.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑. Русић, Бранислав (1957). Жупа Дебарска (српски). Филозофски факултет на универзитетот - Скопје, Историско-филолошки оддел. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 1,01,11,2Податоците за населените места Оџовци, Бајрамовци и Црно Боци, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Баланци.