Селото е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини се изјаснило како турско население.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 880 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 6,1 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 261,2 хектари, на шумите отпаѓаат 178,2 хектари, а на обработливото земјиште 114 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]
Доселеници:Куртовци (9 к.), доселени се на самиот почеток на XIX век од селото Коџаџик, потеклото им е турско. Но овде кога дошле одма се измешале со Торбешите, и сега го зборуваат само македонскиот јазик. Помеѓу житиненските родови има приличен број на домазети од селото Долени во близина на Пешкопеја.
Македонски православни родови:
Доселеници:Зајекаровци (1 к.), доселени се околу 1898 година од селото Броштица и Новковци (1 к.), потекнуваат од предокот Новко кој се доселил околу 1846 година од околината на Воден во Егејска Македонија.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0565 според Државната изборна комисија, сместено во простории на деловен објект.[16]
↑ 3,03,13,23,33,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 126.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.