До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села во областа Дебрца. Се наоѓа на десната страна од патот Охрид-Кичево.
Атарот зафаќа површина од 9,2 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 585,4 ха, на шумите отпаѓаат 122,3 ха, а на пасиштата 93,8 ха. Селото има полјоделска функција.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Белчица е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 90 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[6]
Селото броело 1.203 жители во 1961 година, додека во 1994 година бројот се намалил на 489 жители.
Според последниот попис од 2002 година, селото Белчишта брои 150 домаќинства, со 437 жители, од кои 436 Македонци и 1 Србин. Од жителите 223 се мажи и 214 се жени.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 297 жители, од кои 268 Македонци, 1 Бошњак и 28 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Белчишта се:[13]
Староседелци:Таневци (23 к.), се делат на Недевци, Целевци, Настовци и Дуловци; Дојчиновци (5 к.), еден дел од родот се вика Филиповци; Блажевци или Новевци (7 к.); Блажевци (1 к.); Аировци (4 к.); Стевчевци и Боцевци (3 к.); Зељаровци (6 к.), се делат на Боклевци и Дичовци; Каљушовци (4 к.); Гредовци (8 к.); Мицковци (1 к.); Буљуковци (13 к.); Мушевци (1 к.); Нејковци (5 к.); Опеловци (2 к.); Кулевци или Циљковци (6 к.), некои од овој род се викаат Сиљановци, а други Сејсановци; Суклевци (4 к.); Гуцевци (1 к.); Чечовци (3 к.); Крчевци (3 к.); Тошевци (2 к.); Кочовци (3 к.) и Шаќировци (3 к.).
Доселенички родови:Косарковци (4 к.), доселени се од селото Брежани; Рајчиновци (11 к.), доселени се од Дебарско, веројатно од селото Рајчица; Лукачовци (30 к.), се делат на Лукачевци, Василевци, Молковци и Стојковци, доселени се од селото Луково, Дебарски Дримкол; Малинковци (2 к.), доселени се од селото Брежани; Веровци (1 к.) и Гушевци (1 к.), доселени се од Охрид.
Доселеници со непознато потекло:Букалевци (1 к.) и Китевци (4 к.).
Доселенички родови се:Таневци (40 куќи) доселени од селото Требеништа; Крчевци (8 куќи) доселени се од селото Слатино; Соколовци (целосно иселени од селото) доселени се од Мешеишта; Чифлижановци (10 куќи) и Василевци (15 куќи) не го знаат местото на старина.
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Белчишта, се наоѓале и селата Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1314 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на општинска зграда.[17]
Помеѓу двете светски војни иселеници имало во САД (20 семејства).[13]
После Втората светска војна населението почнува помасовно да се иселува. Едно семејство се иселило во селото Јабука во Војводина. Додека поголемиот број од населението е иселено по градовите во Македонија, воглавно во градот Охрид.[14]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 септември 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑„Христијански храмови и свети места во Охридско“, Гоце Ангеличин – Жура, Охрид 2007
↑Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 24,024,1. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑ 25,025,1Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.