Оздолени
Оздолени — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид. Потекло на иметоСпоред искажувањата на постарите луѓе, селото Оздолени, името го добило според тоа што жителите на ова село се дојдени одоздола, односно од старата локација која се наоѓала на Брест.[2] Географија и местоположбаСелото Оздолени се наоѓа во Средна Дебрца, на 33 километри северно од градот Охрид, на 4 километри источно од магистралниот пат Охрид-Кичево-Скопје. Селото е сместено на 1.055 метри надморска височина, на западното подножје на Илинска Планина. Од северната, источната и јужната страна е заградено со ридовите Бошков Рид (1.020 м.), Грагорец (1.111 м.), Љутики (1.150 м.) и Манчев Рид (910 м.), а од западната страна се простира Оздоленското Поле. Околни села се Слатино и Слатински Чифлик на север и североисток, Издеглавје на запад, Сошани на југоисток, Белчишта на југозапад, и Прострање на исток.[3] ИсторијаКај постарите луѓе од селото Оздолени постои предание, кое се пренесувало од колено на колено дека селото порано се наоѓало на Брест. Се мисли дури и дека селото Издеглавје се наоѓало на таа локација, но по некое време се оделило и се преместило на Селиште, што се наоѓа северно од селото Издеглавје. Кога се случило тоа не се знае. Во пописниот дефтер од 1582 година се спомнува под името Издолени со 27 христијански семејства. На денешната локација селото го основале родовите Богдановци, Смилевци, Шишковци и Трпчевци кои дошле од Брест, тие некогаш чинеле еден род, но со тек на време се одродиле. За време на Илинденското востание селото дало многу борци, а како последица на аферата во Арбиново, за Дијарбекир биле заточени повеќе селани. Селото дало активен придонес и во текот на Втората светска војна, па така постоела група од селани кои го организирале народот тоа биле: Љубе Смилески, Илија Гиноски, Темелко Стојаноски, Трајче Николески, Саве Николески, Најденко Богданоски, Тодор Тодороски, Ристо Смилески и Петре Петрески- Рапо од Слатински Чифлик.[2] Од ова село во НОБ загинале: Ристо Шулески, Ванко Шулески и Јонче Стојаноски (во борбите со балистите кај Кленоец); Ристо Донески (загина во борбите со балистите кај Зајас) и Ѓоргија Тодороски (се разболе на Сремски Фронт и умре во Нови Сад). Во XIX век, Оздолени се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Оздолени имало 200 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Оздолени имало 216 жители.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Оздолени е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 26 куќи.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7] Според пописот од 2002 година, во селото Оздолени живееле 47 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 12 Македонци и 2 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСпоред истражувањата на Јован Трифуноски од 1978 година, родови во селото се:[14] Родови во селото Оздолени се следните: Шишковци (6 к.) и Богдановци (4 к.), потекнуваат од ист предок, Трпчевци (11 к.) и Смилевци (3 к.), наведените 4 рода се староседелски кои живееле во раселеното село Брест; Гавриловци (5 к.), Марковци (2 к.) , потекнуваат од заеднички предок, кој дошол од некое село во околината на Пешкопеја, порано се викале Зенговци, го знаат следното родословие:, Јордан (жив на 56 г. во 1980 година) Ѓорѓија-Стеван-Гаврил-Сиљан-Зенго, кој се доселил околу 1800 година; Гроздановци (1 к.), доселени се однекаде. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Оздолени се:
Според поновите истражувања правени од Димитар Смилески, како родови од селото Оздолени се забележуваат:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта. Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Издеглавје, во која покрај селото Оздолени, се наоѓале и селата Издеглавје, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани. Во периодот 1950-1952 година, селото Оздолени се наоѓало во некогашната Општина Слатински Чифлик, во која влегувале селата Издеглавје, Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1326 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружен дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Слатински Чифлик.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
ЛичностиРодени во Оздолени
Култура и спортКултураВо ова село се снимаше телевизиската серија „Итар Пејо“. СпортКога се зборува за спорт во Оздолени пред сѐ се мисли на фудбалот како најпопуларен спорт. Фудбалот започнал да се игра помеѓу двете светски војни. Секаде каде што настапувал тимот на Оздолени, имал играчи од селото Оздолени, како и нешто од соседните помали села Сошани и Слатински Чифлик. Во првата генерација фудбалери кои играле за Оздолени може да се вбројат: Ристо Пројкоски, Војне Струмоски, Благоја Тодороски, Аргил Спироски, Анѓеле Маркоски, Наум Маркоски, Јордан Стојаноски, Саве Николески, Ѓорче Ристески, Ѓоре Ристески, Љубе Ристески, Бошко Богоески, Славе Богданоски и Димо Шишкоски. Втората генерација фудбалери во Оздолени ја сочинуваа воглавно следните младинци: Тефко Грозданоски, Насте Стојаноски, Милан Ѓоргоски, Петре Шишкоски, Зарко Струмоски, Љубе Симјаноски, Миле Тодороски, Никола Китески, Круме Китески, Душан Иљоски и Иван Иљоски.[2] ИселеништвоВо поодамнешно време во селото Осој отишол родот Ширговци, постари иселеници од Оздолени има и во селото Лактиње, таму е родот Балазовци; Лулевци се иселиле во Издеглавје; Ратајковци од Оздолени се иселиле во Слатински Чифлик, па од таму во Слатино; Неделковци се иселиле во Железнец, Железник, во Оздолени припаѓале на родот Гроздановци; Ориѓани се иселиле во Сопотница, Железник околу 1870 година, во Оздолени припаѓале на родот Вељановци (Пупановци); Сиљановци се иселиле во Манастирско Доленци, Кичевско; Ѓорговци се иселиле во Кадино Село, прилепско околу 1878 година кога се одвоиле од матичниот род Ѓорговци во Оздолени; Оздоленовци во постаро време се иселиле во Охрид.[2] Од 1950-тите години оздоленци се отидени по градовите. Иселеници има во Охрид, Скопје, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен, Тетово, Битола, Струмица, и др.[2] Надвор од Македонија највеќе се иселени во Австралија, а други се иселени во Белград, Бугарија, Франција, Германија, Холандија, САД, Швајцарија, Аргентина, Канада. Од 1961 до 1991 година од селото се отселени преку 300 луѓе. Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948:
Неделковци (4 к.) се иселени во селото Железнец, Железник во 1741 г., Ориѓани (6 к.) се иселени во селото Сопотница, Железник во 1870 г.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|