На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Волино е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[5]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
609
—
1953
666
+9.4%
1961
739
+11.0%
1971
752
+1.8%
1981
863
+14.8%
Година
Нас.
±%
1991
690
−20.0%
1994
512
−25.8%
2002
462
−9.8%
2021
368
−20.3%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Волино живеат 462 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 368 жители, од кои 342 Македонци и 26 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници со непознато потекло:Ногачевци (3 к.), Чалдрмовци (2 к.), Трпковци (2 к.), Терзијовци (4 к.) и Цакулевци (2 к.)
Доселеници со познато потекло:Кожевци или Марковци (12 к.) доселени се околу 1855 година од селото Волкодери во Преспа; Карадаковци или Бочевци (4 к.) доселени се во средината на XIX век од некое место Карадак во Црна Гора; Стојевци (6 к.) доселени се околу 1852 година од селото Требеништа; Мочаровци (4 к.) доселени се околу 1860 година од селото Мешеишта; Јанкуловци (5 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Лешани во Дебрца. Таму имале истоимени роднини; Неловци (1 к.) доселени се околу 1860 година од некое село во Дебрца; Ливоиштанци или Шијаковци (3 к.) доселени се во 1872 година од селото Ливоишта; Ливоиштанци или Јаќимовци (2 к.) доселени се во 1875 година исто така од Ливоишта; Трповци (2 к.), Печовци (3 к.), Пупанчевци (3 к.) и Чкрковци (2 к.) доселени се во исто време, околу 1900 година од селото Ливада; Вељановци или Ѓоросановци (2 к.) доселени се во 1903 година од селото Присовјани во Малесија; Чкуртевци (4 к.) доселени се во 1925 година од селото Биџево; Далчевци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Мороишта; Секуловци или Прентовци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Мислешево, каде имале истоимени роднини.[13]
Родови староседелски и доселенички со непознато место на старина се:Скепаровци (6 к.); Ѓошовци или Чалдрмовци (4 к.); Каросковци (10 к.); Марковци (20 к.); Сиљановци (10 к.); Мочаровци (7 к.); Ивановци (7 к.); Ногачевци (6 к.); Петковци (3 к.); Тупанчевци (7 к.); Ѓоросановци (5 к.); Терзиовци (9 к.) и Стојевци (8 к.).
Доселеници со познато потекло се:Трпковци (8 к.), Доневци (3 к.), Јанкуловци (7 к.) и Трповци (4 к.) доселени се од соседното сега албанско село Ливада, доселени се во времето кога во Ливада почнале да се населуваат Албанците муслимани, односно околу 1870-тите; Скуртевци (4 к.) доселени се од струшкото село Биџево; Ливоиштани (5 к.) доселени се од охридското село Ливоишта. Сите доселенички родови во селото се доселени до крајот на османското владеење.
Според поновите истражувањата родови во селото:
Андрониковци, доселени се од некое село во Дебрца; Бочевци, доселени се од соседното село Мислешево; Вељановци, доселени се во 1906 година од селото Збажди во струшка Малесија; Војдиновци, доселени се во 1951 година од соседното село Мешеишта; Далчевци, доселени се од селото Мороишта кај Струга; Доневци; Ивановци, доселени се од селото Поум кај Струга. Основачот на родот се викал Иван; Илинковци, доселени се од селото Илино кај Демир Хисар; Јаќимовци, доселени се од селото Ливоишта; Јанкуловци, потекнуваат од селото Илино кај Демир Хисар. Од таму се иселиле во Лешани. Па некој предок преминал во Волино. Во Лешани имаат роднини; Јовевци, доселени се од соседното село Мешеишта; Коросковци, доселени се од раселеното село Црско во Струшко; Костевци, доселени се во 1954 година од селото Враништа кај Струга. Овде се доселил Косте; Лошковци (Чољопановци), овде живеел некој Наум Шијакоски. Тој немал деца, па посинил двајца внуци; Љабовци, доселени се од селото Драслајца кај Струга; Марковци (Кожевци) доселени се од раселеното село Црско во Струшко; Митревци (Цакулевци), доселени се од селото Сирула; Мочаровци (Цветановци), доселени се од соседното село Мешеишта; Неловци (Николовци), доселени се од селото Брежани; Николовци, доселени се од селото Ржаново во струшка Малесија; Ничевци, доселени се од селото Драслајца кај Струга; Ногачевци, потекнуваат од селото Велмеј. Од таму се иселиле во Ботун. А по краток престој во Ботун преминале во селото Волино; Печовци, доселени се од селото Ботун; Ржанчевци, доселени се од селото Ржаново во струшка Малесија; Секуловци, доселени се во 1942 година од соседното село Мислешево; Сиљановци, доселени се од селото Сошани; Скепаровци, доселени се од селото Лакаица; Стоевци, доселени се во 1952 година од соседното село Требеништа; Стојчевци, доселени се од селото Горенци; Терзиовци, доселени се од селото Сошани; Трпковци, доселени се од селото Ливада кај Струга; Трповци, и они се доселени од селото Ливада кај Струга; Тупанчевци, доселени се од селото Поум кај Струга; Чалдрмовци, доселени се од некое село во Дебрца; Чкрковци (Анѓелковци), доселени се од селото Ливада кај Струга; Шкуртевци, доселени се од селото Биџево кај Струга.[15]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Од Ивановци иселеници има во: Аргентина (едно семејство од 1923 година).
Од Трпковци иселеници има во: Северна Америка (две семејства од 1925 година).
Од Терзијовци иселеници има во: Романија (две семејства од 1909 година).
Од Карадаковци иселеници има во: САД (едно семејство од 1924 година).
Од Стојевци иселеници има во: Австралија (едно семејство од 1922 година).
Од Кожевци иселеници има во: САД (две семејства од 1923 година) и во Струга (едно семејство од 1942 година).
Од Пупанчевци иселеници има во: Струга (две семејства од 1942 година).
Од Чкрковци иселеници има во: Драслајца (две семејства од 1919 година) и во Битола (едно семејство од 1945 година).
Од Вељановци иселеници има во: Мислешево (како домазет од 1938 година).[13]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1346 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Расино.[19]
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑„Цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-09-18. Посетено на 2010-08-22.
↑ 18,018,1. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)