Вевчанско-радошки дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни периферни говори на западното наречје на македонскиот јазик. Вевчанско-радошкиот дијалект е близок дијалект со струшкиот и со охридскиот дијалект. Меѓу најзначајните истражувачи на овој дијалект е холанѓанецот Петер Хендрикс во 70-те години на XX век, а неговите резултати ги објавил во книгата „Дијалектите во Радожда и Вевчани“. Вевчанско-радошките говори како духовно-културно добро се прогласени за културно наследство од особено значење.[1]
Присуство на широките гласови ê и ô, тие фонетски се ниски и по висина на тон и по издигање на јазикот, тоа им е заедничко, а се разликуваат по палаталноста, широкото о е лабијализиран глас. Фонолошки широкото о и е се корелативен пар. Овој говор има седум фонеми кои се јавуваат во четири степени и три класи. Највисоки се и и у, средни, е и о, пониски широкото о и е, а најниско е а. Широкото е и о се континуанти на носовката он, на секунадрниот ъ и се придружни самогласки на самогласното р и л. Широкото е фонетски се реализира зад нелабијални согласки, а широкото о зад лабијални согласки: грѫди - грêди, пѫтъ – пôт, Крсте – Кêрсте, мъгла – мôгла. Широкото е е рефлекс на самогласното р зад нелабијални согласки: сêрце, додека широкото о е рефлекс на самогласното р зад лабијални согласки: пôрсти. Истото се однесува и на самогласното л,
Вредност ӑ на местото на секундарниот ъ: мӑска,
Се реализираат групите шт и жд : гашти, свешта, межда, вежда,
Губење на меѓусамогласното в: чоек, глаа,
Употреба на групата цу наместо цв: цути,
Рефлекс еа како замена за носовката ѫ: реака,
Фиксиран акцент на третиот слог од крајот на зборот.
Морфолошки одлики
Употреба на наставката –т кај глаголите во трето лице еднина: одит, седит,
Формата на помошниот глагол сум во второ лице множина сегашно време гласи све: вие све,
Предлогот въ добил рефлекс во,
Употреба на трите членови: чоекот, чоеков, чоекон,
Продуктивност на деминутивната наставка -уле за образување на именки од среден род: детуле,
Употреба на партикулата ќа за образување на идно време: ќа одам,
Глаголскиот прилог се образува со наставката -ешти: носеешти, играешти,
Кај личните заменки за прво и второ лице еднина има партикула са за прво лице и партикула си за второ лице: јаса, тиси: Јаса сум овде домаќин. Но има паралела и со јас и ти,
Како архаизам треба да се спомене заменската форма сој, со членска наставка сојот, сојов, сојон < съ,
Се чува рефлексот -чере од старословенската група чрѣ: черешна,
Наставка -ет за образување трето лице множина на презентот: шетет, пеет, тропает, одет, барает,
Глаголите со наставката -ува се јавуваат во форми од и-група, со наставка -вит за итеративни образувања: кажвит, прашвит...