Парадигматски карактер на акцентот: чúм мă нèјќе, нè у сáкăм и јáс; нá сăм гу видéл нèго...
Редукција на неакцентираните самогласки: бăчúло, слăнúна, убăф; вичéра, дибéл, пиштéра...
Чување на меѓусамогласното в: бивул, гувéдо, уснóва, столуве...
Егзистирање на фонемата х: бохче, бух, Влах, врх, глух, грех, змех, мох, них, прах, сирумáх, сух; во наставките за аорист и имперфект: орāх, жнијāх, вршāх...односно: урáх, жнијáх, вршúх и сл.
Промената на сч во шч: лишче, клашче, мошче, брешче, ношче, појашче, пршче, убрáшче... односно во хч: лихче, мехце, прхче и сл.
Морфолошки одлики
Генерализирање на номинативната форма кај личните имиња: Стујáн, кăжáх му нă Стујáн, бéх ус Стујáн...
Множинска наставка - ове: вулóве, зетуве, кочуве, ругóве и сл.
Отсуство на членските форми на в и н.
Лична заменка за трето лице он (она, оно, они)
Кратка множинска заменска форма ги: них ги.
Отсуство на партикулата - зе // - зи кај посвојните заменки за трето лице женски род: нејн, нејна, нејно, нејни.
Аналитички датив кај заменките: нă мене ми, нă тебе ти, нă него му, на неа ѝ, нă нас ни, нă вас ви, нă них им, и кај личните имиња: нă Стујан, нă Марко, нă Петрăто, нă Мара.
Отсуство на наставката - т во трето лице еднина на сегашното време: вика, носе, сече.
Форма са, односно сă во трето лице множина од глаголот сум.