Жерав (соѕвездие)
Жерав — соѕвездие на јужното небо. Името потекнува од латинскиот збор grus што во превод ја означува птицата жерав. Станува збор за едно од 12-те соѕвездија осмислени од страна на Петар Планциј добиено од набљудувањата на Питер Дирксон Кејзер и Фредерик де Хаутман. Жерав за првпат се појавува на 35-см небесен глобус во 1598 година во Амстердам од страна на Планициј и Јодок Хондиј и било прикажано во ѕвездениот атлас Уранометрија на Јохан Бајер во 1603 година. Францускиот истражувач и астроном Никола Луј де Лакај им дал Бајерови ознаки на ѕвездите во 1756 година, кои претходно се сметале за дел од соседното соѕвездие Јужна Риба. Соѕвездијата Жерав, Паун, Феникс и Тукан познати се под името „Јужни Птици“. Најсјајната ѕвезда во соѕвездието, Алфа Жерав, е синобела ѕвезда позната и под името Алнаир и има светлинска величина 1,7. Бета Жерав е црвен џин и променлива ѕвезда со минимална светлинска величина 2,3 и максимална величина 2. Во шест ѕвездени системи се пронајдени вонсончеви планети: црвеното џуџе Глизе 832 е една од најблиските ѕвезди до Земјата која поседува планетарен систем. Ѕвездата WASP-95 која има опбителен период од само 2 дена. Во далечните објекти во Жерав спаѓаат: планетарната маглина IC 5148, позната и под името Резервна Гума, и група од четири заемнодејствувачки галаксии познати под името Жеравин Квартет. ИсторијаЅвездите кои го образуваат Жерав првично биле дел од соседното соѕвездие Јужна Риба, со Гама Жерав како дел од опашката на рибата.[2] Ѕвездите првично биле определени како посебно соѕвездие од страна ан холандскиот астроном Петар Планциј, кои истиот период создал 12 нови соѕвездија засновани на набљудувањата на јужното небо од холандските истражувачи Питер Дирксон Кејзер и Фредерик де Хаутман, кои испловил на првата холандска трговска експедиција, позната под името Eerste Schipvaart, кон Индија. Жерав за првпат се појавува ан 35-см небесен глобус објавен о 1598 година во Амстердам од страна на Планциј и Јодок Хондиј. Првиот приказ на ѕвездена карта е оној на германскиот картограф Јохан Бајер во неговото дело Уранометрија од 1603 година.[3] Де Хаутман го вклучил во неговиот јужен ѕвезден каталог истата година под холандското име Den Reygher, „Чапја“,[4] но Бајер ги следел Планциј И Хондиј и го нарекувал Жерав.[2] Подруго име за ова соѕвездие било Фламенго, (латински Phoenicopterus), и се користело мошне кратко за време на XVII век, во делото Cosmographiae Generalis од 1605 година од Пол Мерула од Лајденскиот универзитет и во глобусот од 1625 година на Питер ван дер Кере. Астрономот Јан Ридпат вели дека симнболот најверојатно потекнува од Планциј, кој соработувал и со овие двајца изработувачи ан глобуси.[2] Жерав и другите блиски соѕвездија Феникс, Тукан и Паун збирно се наречени „Јужни Птици“.[5] Ѕвездите кои се поврзуваат со Жерав биле мошне јужно за да бидат забележани од кинеските астрономи. Во кинеската астрономија, Гама и Ламбда Жерав можно е да биле вклучени во астеризмот Бајѓу, заедно со ѕвездите од Јужна Риба.[2] Во централна Австралија, луѓето од племињата Арернте и Луритја, го гледале небото поделено меѓу ним, источно од Млечниот Пат биле живеалиштата на Арернте, додека на запад биле оние на Луритја. Алфа и Бета Жерав, заедно со Фомалхаут, Алфа Паун и ѕвездите од Мува, биле во владение на Арернте.[6] ОсобеностиЖерав се граничи со Јужна Риба на север, Вајарна североисток , Феникс на исток, Тукан на југ, Индијанец на југозапад, и Микроскоп на запад. Бајер ја подисправил опашката на Јужна Риба за да направи место за Жерав во својата Уранометрија.[2] Соѕвездието зафаќа површина од 366 квадратни степени, се наоѓа на 45 место од 88-те современи соѕвездија и покрива 0,887% од ноќното небо.[7] Кратенката од три букви „Gru“ за соѕвездието била прифатена од страна на Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година.[8] Официјалните граници на соѕвездието, биле поставени од Ежен Делпорт во 1930 година, како многуаголник со 6 страни. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата границите лежат меѓу 21ч 27,4м и 23ч 27,1м, додека пак координатите на деклинацијата се меѓу −36,31° и −56,39°.[1] Жерав како соѕвездие било далеку на југ за да биде набљудувано од страна на набљудувачите на Британските Острови и северот од САД, но истото може да се види од Флорида или пак од Калифорнија,[9] целото соѕвездие може да се види од набљудувачи јужно од 33°СГШ.[10][б 1] ЗабележителностиЅвездиКејсер и де Хаутман на соѕвездието му придале 12 ѕвезди.[11] Иако Бајер го опишал Жерав на својата карта, на ѕвездите не им ставил Бајерови ознаки. Францускиот истражувач и астромном Никола Луј де Лакај ги означил од алфа до фи во 1756 година со неколку испуштени букви. Во 1879 година, американскиот астроном Бенџамин Гулд ги додал капа, ни и кси кои биле каталогизирани од Лакај но не им биле дадени Бајерови ознаки. Лакај истите ги сметал за премногу темни ѕвезди, додека пак Гулд го сметал обратното. Кси Жерав првично била сместена во соѕвездието Микроскоп. Натамошно, Гулд ја отфрлил ознаката сигма на Лакај бидејќи сметал дека таа ѕвезда е премногу темна.[12] Жерав поседува неколку сјајни ѕвезди. Левото крило е означено со Алфа Жерав,[11] синобела ѕвезда со спектрален тип B6V и светлиснка величина 1,7, на растојание од 101 сг. од Земјата.[13] Традиционалното име на ѕвездата е Алнаир, што значи „сјајната“ и се однесува на тоа што станува збор за најсјаната ѕвезда од Жерав. Алнаир е 380 пати посјајна од а воедно и со пречник трипати поголем од оној на Сонцето.[14] На 5 степени западно од Алнаир,[15] означувајќи го срцето на жеравот е Бета Жерав,[11] црвен џин со спектрален тип M5III.[16] Има пречник од 0,8 ае. и доколку би се поставил во центарот на сончевиот Систем ќе се протега до Венера и се наоѓа на растојание од 170 сг. од Земјата. Станува збор за променлива ѕвезда со минимална светлинска величина 2,3 и максимална 2.[17] Повлекувањето на замислена линија од Големиот Квадрат на соѕвездието Пегаз низ Фомалхаут ќе помине низ Алнаир и Бета Жерав.[9] На североисточниот агол од соѕвездието и означувајќи го окото на жеравот е Гама Жерав,[15] синобел подџин со спектрален тип B8III и светлинска величина 3 на растојание од 211 сг. од Земјата.[18] Позната и како Ел Данаб, оваа ѕвезда го потрошила водородното јадроо и почнала да се лади и шири, при што истата ќе се претори во црвен џин.[19] Постојат неколку двојни ѕвезди во Жерав кои можат да се набљудуваат со голо око. Опишувајќи триаголник со Алнаир и Бета, Делта Жерав е оптичка двојна ѕвезда чии ѕвезди Делта1 и Делта2 се на растојание од 45 лачни секунди.[15] Делта1 е жолт џин со спектрален тип G7III и светлинска величина 4, на растојание од 309 сг. од Земјата,[20] и можно е да има ѕвезда придружник портокалово џуџе со светлинска величина 12.[21] Делта2 е црвен џин со спектрален тип M4.5III и полупроменлива ѕвезда чија светлинска величина се движи меѓу 3,99 и 4,2,[22] на растојание од 325 сг. од Земјата. Со маса трипати поголема и пречник 135 пати поголем од оние на Сонцето.[21] Ми Жерав, се состои од ѕвездите Mи1 и Mи2, станува збор за оптичка двојна ѕвезда која се состои од жолти џинови со спектрален тип G8III и маса 2,5 пати поголема од онаа на Сонцето и површинска температура од 4900 К.[23] Ми1 е посјајна од двете со светлинска величина 4,8 и нарастојание од 275 сг. од Земјата,[24] додека пак Mи2 потемната е со светлинска величина 5,11 и на растојание од 265 сг. од Земјата.[25] Пи Жерав, е оптичка двојна ѕвезда со променлива ѕвезда, се состои од Пи1 Жерав и Пи2. Пи1 е полупроменлив црвен џин со спектрален тип S5, и променлива светлинска величина од 5,31 до 7,01 во период од 191 ден,[26] и на растојание од 532 сг. од Земјата.[27] Станува збор за една од најсјаните S ѕвезди кои можат да се видат од Земјата, истата има ѕвезда придружник со светлинска величина 10,9 налик на Сонцето, со спектрална класа G и спектрален тип G0V. Парот е претставник за вообичаена двојна ѕвезда.[28] Пи2 е џиновска ѕвезда со спектрален тип F3III-IV на растојание од 130 сг. од Земјата,[29] и честопати е посјајна од својот придружник со светлинска величина 5,6.[30] Означувајќи го десното крило Тета Жерав,[11] е уште една двојна ѕвезда која се наоѓа на 5 степени источно од Делта1 и Делта2.[15] RZ Жерав е двен систем со светлинска величина 12,3 со повремено затемнување до 13,4, чиј составни ѕвезди се бело џуџе и ѕвезда од главната низа со орбитален период од 8,5 до 10 часа. Овој систем припаѓа на UX Голема Мечка подгрупа на катаклизмични променливи системи, каде материјалто од ѕвездата е привлечен од белото џуџе и се образува забрзувачки диск која станува сјајна и ги натсјајува двете ѕвезди. Овој систем не е целосно познат,[31] но е пресметано дека станува збор за ѕвезда од спектрален тип F5V.[32] Овие ѕвезди имаат спектри мошне слични на оние на новите кои се вратиле во мирна фаза по експлозија, но не е забележано дека се случила таква експлозија. Американското здружение на набљудувачи на променливи ѕвезди препорачува овој пар да се следи поради можни идни настани.[33]CE Жерав (позната и како Жерав V-1) е слабосјајна (со светлинска величина 18–21) ѕвезден систем кои се состои од бело џуџе и ѕвезда придружник, во овој случај двете ѕвезди се плимно поврзани. Познати како Полари, материјалот од ѕвездата се слева директно на белото џуџе.[34] За 6 ѕвезди се смета дека поседуваат планетрни системи. Тау1 Жерав е жолта ѕвезда со светлинска величина 6 на растојание од 106 сг. од Земјата.[35] Можно е да станува збор за ѕвезда од главната низа или пак за ѕвезда која штотуку почнува да ја напушта главната низа. Во 2002 година забележано е дека постои планатарен придружник.[36] HD 215456, HD 213240 и WASP-95 се ѕвезди налик на Сонцето кои имаат по две планети.[37] Планета и далечно црвено џуџе,[38] и жежок Јупитер соодветно, последната WASP-95b има орбитален период од 2 дена.[39] Глизе 832 е црвено џуџе со спектрален тип M1.5V и светлинска величина 8,66 на растојание од 16,1 сг. од Земјата, со што станува збор за најблискиот ѕвезден планетарен систем до нашиот сончев Систем. Планета слична на Јупитер наречена Глизе 832 b која има орбитален период од 9,4±0,4 години била откриена во 2008 година.[40]WISE 2220-3628 е кафеаво џуџе со спектрален тип Y, а со тоа и една од најладните ѕвездени објекти кои се познати. Пресметано е дека се наоѓа на растојание од 26 сг. од Земјта.[41] Далечни објектиПозната под прекарот Резевна Гума ,[42] IC 5148 е планетарна маглина сместена на 1 степен од Ламбда Жерав.[43] На растојание од 3.000 сг. се шири со брзина од 50км/с една од најголемите брзини на ширење на една планетарна маглина.[42] На североисток од Тета Жерав се четирите заемоделувачки галаксии познати под името Жеравин Квартет.[44] Овие галаксии се NGC 7552, NGC 7590, NGC 7599 и NGC 7582.[45] Последните три галаксии зафаќаат површина од 10 лачни минути и понекогаш се нарекуваат „Жеравина Тројка“, иако сите четири се дел од поголемата расеана група на галаксии наречена IC 1459 Жерав.[46] NGC 7552 и 7582 се активни ѕвездородни галаксии, се смета дека ова се должи на заемодејството на плимните сили.[45] Сместени се на границата на Жерав и Јужна Риба,[43] IC 1459 е невообичаен E3 џиновска елиптична галаксија. Поседува брзовртежно јадро со спротивна насока на вртење, и брегови и бранови во надворешните подрачја.[47] Галаксијата има светлинска величина 11,9,[48] и е на растојание на 80 милиони сг. од Земјата.[43] NGC 7424 е пречкеста спирална галаксија со светлинска величина 10,4,[49] сместена на околу 4 степени западно од Жеравиновата Тројка.[43] Со растојание од 37,5 милиони сг. и со пречник од околу 100.000 сг., има добро оформени спирални краци и се смета дека е многу слична на Млечниот Пат.[50] Два ултрасјајни Х-зрачни извори и една супернова се забележани во NGC 7424.[51] SN 2001ig била забележана во 2001 година и класифицирана како супернова од типот IIb, првично се забележувала слаба водородна линија во спектарот, за подоцна истата да стане незабележителна и заменета со линии на кислород, магнезиум и калциум, како и други појави кои наликувале на супернова од типот Ib.[52] Се смета дека масивната ѕвезда од спектралната класа F, A или B е придружникот на SN 2001ig, кој ја преживеал експлозијата и за која се смета дека била Волф-Рајеова ѕвезда.[53] Во близина на Алнаир е NGC 7213,[43] челна тип 1 Сејфертова галаксија на растојание од 71,7 милиони сг. од Земјата.[54] Галаксијата има светлинска величина 12,1.[55] Навидум нерабуркана при видлива светлина, при набљудувања при подолги бранови должини можно е да се забележат знаци на судир или спој, со распределба на водородни јонизирани траги како и прамен од гас долг 64.000 сг.[54] Оваа галаксија е дел од галактичко јато од 10 галаксии.[56] NGC 7410 е спирална галаксија забележана од британскиот астроном Џон Хершел за време на набљудувањата од ’Ртот на Добра Надеж во октомври 1834 година. Галаксијата има светлинска величина од 11,7 и е на растојание од 122 милиони сг. од Земјата.[46] Поврзано
БелешкиНаводи
Надворешни врски
|