Олтар (соѕвездие)
Олтар — јужно соѕвездие сместено меѓу Скорпија и Јужен Триаголник. Името потекнува од латинскиот збор Ara што означува „олтар“. Олтар било едно од 48 соѕвездија кои биле забележани од Птоломеј во II век, и останало едно од 88-те современи соѕвездија определени од Меѓународниот астрономски сојуз. Notable featuresЅвездиОлтар содржи дел од Млечниот Пат на југ од Скорпија и поради тоа е богато со ѕвездени полиња.[1]
Ѕвездите во соѕвездието немаат имиња во западната култура, но во Кина тие се наречени α Arae „Чу“ („палка“ или „стап), и ε Arae „Цо Канг“, што значи 'лев чувар'. Далечни објектиВо северозападниот агол на Олтар се наоѓа дел од Млечниот Пат и во истиот се содржат неколку расеани јата (од особена важност NGC 6200) и расеани маглини (вклучувајќи го тука и парот од јато/маглина NGC 6188 и NGC 6193). Најсјајното од збиени ѕвездени јата, со светлинска величина 6 NGC 6397, и на растојание од само о 6.500 сг (6.149×1013 км), со што е едно од најблиските збиени ѕвездени јата до Сончевиот Систем.[3] Иако Олтар е во близина на средиштето на Млечниот Пат, можат да се видат две спирални галаксии (NGC 6215 и NGC 6221) во близина на η Arae.[3] Расеани ѕвездени јата
Збиени ѕвездени јата
Планетарни маглиниСкат (Hen 3-1357), најмладата позната планетарна маглина од 2010 година, образувана во соѕвездието Олтар, светлината од нејзиното создавање за првпат е забележана во 1987 година. На крај, NGC 6326. Планетарна маглинакоја можно е да има двоен систем во својот центар. ПриказиВо цртежите, соѕвездието е прикажано како олтар од кој се издигнува чад во јужна насока.[4] Но, цртежите за Олтар не се секогаш исти. На почетокот на печатењето, во резба од 1482 година на Хигинсовата класична Poeticon Astronomicon го претставува олтаропт опколен со демони.[5] Јохан Бајер во 1603 година го претставил Олтар со запалени кандила, и пламените јазици се издигнуваат кон југ во повеќето атласи. Гај Јулиј Хигинс исто така го претставил Олтар со запалени кандила, но покрај нив стоеле ѓаволи. Но, Вилем Блау, холандски уранографер кој работел во XVI и XVII век, го претставил Олтар како олтар на кој се вршат жртвувања, и со запалени животински понуди. За разлика од повеќето цртежи, чадот во цртежите на Блау е насочен северно, и е претставен од Алфа Олтар. Понеобичен цртеж за Олтар е оној на Арат, старогрчки уранографер, од 270 п.н.е. Тој го претставил Олтар како светилник, каде Алфа, Бета, Епсилон и Зета Олтар ја претставуваат основата на светилникот, а Ета Олтар ги претставува пламените јазици на светлината од светилникот.[6] МитологијаВо старогрчката митологија, Олтар било местото во кое боговите принеле жртва пред да создадат сојуз и да ги поразат Титаните.[1] Блискиот Млечен Пат го претставува чадот од нивното жртвување на олтарот.[7] Иточна астрономијаВо кинеската астрономија, ѕвездите од соѕвездието Олтар се во Азурниот Змеј на исток (東方青龍, Дунг фанг ќинг лунг).[8] Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|