Илцен
Илцен (службено наречен: Ханзин град Илцен; германски: Uelzen; долногермански: Ülz’n[2]) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува дел од метрополитенската област на Хамбург. Кога ги добил градските права во 1270 година, Илцен бил познат по името „Левенвалде“. Како член на Ханзата поставен на реката Илменау изградил добра положба со меѓународната трговија. Стариот град поседува многубројни фахверк куќи и има извонредни примери на северногерманската тулна готика. Окружниот град стекнал регионална слава кога Фриденсрајх Хундертвасер бил избран да ја обнова железничката станица. Градбата била отворена во 2000 година и денес привлекува многубројни туристи. ГеографијаМестоположбаИлцен се наоѓа на работ на Линебуршкото Поле. Поради својата местоположба, градот претставува важен железнички јазол и тука се вкрстуваат линиите Хамбург-Хановер и Бремен-Берлин. Од стопанство значење е и положбата на Страничниот канал на Елба. Градот е распослан на бреговите на реката Илменау. Околу градот се наоѓаат големи области на природни паркови, шуми, езера и голети. Градски единициКон Ханзиниот град Илцен припаѓаат местата Грос Лидерн, Халигдорф, Хамброк, Ханзен, Ханштет II, Холденштет, Кирхваје], Клајн Зиштет, Мазендорф, Мере, Молцен, Олденштат, Риштет, Рипдорф, Татерн, Ферсен, Вестерваје и Волтерсбург. Исто така, постојат уште три места во градското јадро, кои имаат статус „други места“: Борне, Клајн Лидерн и Пиперхефен. КлимаПросечната годишна температура изнесува 9,6 °C, а просечните врнежи изнесуваат 660 мм. Просечната температура во јули изнесува 18,6 °C, а во јануари 1,4 °C. Помеѓу април и август има просечно 201 сончев час месечно. Во јули, највисоката температура е до 36,5 °C, а во декември најниската температура до −17,3 °C. Најсув месец е април, додека најмногу врнежи има во јули. ИсторијаГрадот бил основан околу 1250 година. Во 1270 година, војводата Јохан од Брауншвајг-Линебург, член на велфската династија кој владеел со Кнежевството Линебург од 1252 до 1277 година, му доделил градски права на Илцен.[3] Во средниот век станал активен член на Ханзата.[4] Градските бедеми, изградени во текот на XIV век, првично имале 3 градски порти, ѕидини и ендек. Делови од бедемите се зачувани и ден денес. Додека Илцен играл мала улога во рамките на Ханзата, постојат докази дека вршел трговија со Ливонија и Шпанија. На 21 октомври 1470 година, Илцен бил домаќин на конвенцијата на Ханзата. Настанот бил особен, бидејќи вообичаено овие годишни настани се одржувале главно во Либек.[5] Градот станал дел од Изборното кнежевство Хановер во 1708 година, во Кралството Вестфалија во 1807 година, во Кралството Хановер во 1814 година и на пруската покраина Хановер во 1866 година. Во Илцен се наоѓал нацистички концентрациски камп до 17 април 1945 година. Кампот претставувал подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.[6] ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 38 избрани членови. Ова е поставениот број за град со големина помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[7] Се бираат на локални избори со мандат од 5 години. Тие припаѓале на следниве партии односно здруженија:
ГрадоначалникГрадоначалник на Ханзиниот град Илцен од 2014 година е независниот Јирген Маркварт.[8]
Претставник во БундестаготПри гласање на претставници во Бундестагот, градот припаѓа на изборната единица Целе-Илцен. За долносаксонскиот парламент (Landtag), градот припаѓа на единицата Целе-Штат со околината. Збратимени градовиИлцен е збратимен со следниве градови:
КултураТеатарБројот на културни настани согласно големина на градот е голем и разновиден. Има бројни кина, театар на Илменау (Theater an der Ilmenau), салата Јабелман и куклени театри на Розенмауер. МузеиВреден за посета е музејот „Замок Холденштет“ (Museum Schloss Holdenstedt), каде се наоѓа музејот за локалната историја. Постојаните изложби вклучуваат мебел од средниот век до арт-нуво, збирка на чаши, дела на сликари и археолошки пронајдоци. СтопанствоНајголемата шеќерана на групацијата Нордцукер се наоѓа во Илцен. Обработување околу 20.000 тони шеќерна репка секој ден. Други големи работодавци во градот се „Нестле Шелер“ и млекарницата „Илцена“. ИнфраструктураЖелезницаЖелезничката станица „Хундертвасер“ во градот се наоѓа на источниот крај на Линебуршкото Поле. Одржува линии до градовите Хамбург, Хановер, Линебург, Целе, Брауншвајг, Бремен и Берлин. Првичната станица била обновена за Експо 2000 по плановите на австрискиот сликар и архитект Фриденсрајх Хундертвасер. Денес, претставува туристичко одредиште на градот. СудовиВо градот се наоѓа окружен суд, кој потпаѓа под надлежност на покраинскиот суд во Линебург и Високиот суд во Целе. ОбразованиеВо градот се наоѓаат две гимназии, повеќе стручни училишта и шест основни училишта. Познати луѓе
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|