Облаково
Облаково — целосно раселено село во Општина Битола чиј атар се издига до сртот на Облаковска Планина, во околината на градот Битола. ГеографијаОблаково е сместено на околу 22 км северозападно од градот Битола, во близина на акумулацијата Стрежево. Селото се наоѓа на надморска височина од 922 м. До селото се стигнува по патот што води кон Стрежевско Езеро, пат кој поминува крај селата Кукуречани, Драгожани, Секирaни и Габалавци. Од селото Габалавци до Облаково се стигнува по нагорничав земјен пат во должина од 5 км. Облаково е од селата кои припаѓаат на групата горно-полски села меѓу кои се набројуваат: Снегово, Горно Српци, Братин Дол, Ѓавато, Лера, Рамна и др. ИсторијаОблаково порано се викало Старо Село и се наоѓало на спротивната страна од планината. Жителите на Старо Село морале да го напуштат селото бидејќи во него се ширеле заразни болести, ден по ден се зголемувал бројот на заболени и починати, затоа жителите одлучиле да го напуштат тоа село и да изградат ново село под облаците, од каде доаѓа и неговото име Облаково кое и ден денес постои. За време на Отоманското Царство, Облаково било комитско гнездо и учествувало со свои комити во борбата против турскиот аскер, кој бил во околината на Битола и Демир Хисар. Една од поголемите трагедии на селото се случила во тоа време кога кај Демирxисарското село Слепче биле убиени од заседа десетина комити од селото заедно здружени со комити од околните села. За време на балканските војни во Облаково дошле разни војски, како cрпските и бугарските. Во Втората светска војна овој реон претежно припаѓал на бугарскиот окупатор и во селото донеле бугарски учител, кој ги учел младите да зборуваат бугарски јазик и дека тие се Бугари, а не Македонци, но македонштината никогаш не изумрела. Облаково имало учесници и во НОБ (Народноослободителна борба) кои се залагале за слободна Македонија. Подоцна, за време на комунизмот голем дел од селаните го напуштаат селото и се селат по градовите кои се наоѓаат во непосредна близина или заминуваат во прекуокеанските земји како: Австралија и САД. Во XIX век, Облаково било чисто македонско село во Битолската каза на Отоманското Царство. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2] СтопанствоВо Облаково пред неговото иселување живееле Македонци кои се занимавале претежно со сточарство, дрварство и дел трговија. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Облаково живееле 350 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Облаково имало 376 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Облаково се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6] Во 1961 година во селото Облаково живееле 293 жители, за многу брзо да се исели. Во 1991 година бројот се намалил на 4 жители, Македонци. Според пописот од 2002 година, во селото бил запишан само 1 жител, Македонец.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото Облаково немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиОблаково било чисто македонско православно село, кое денес е сосема раселено. Во селото имало и староседелски и доселенички родови Родови во Облаково биле: Староседелци: Аневци (6 куќи), Гулабовци (5 куќи), Секуловци (5 куќи), Марковци (2 куќи), Миленковци (2 куќи), Муовци (2 куќи), Нечовци (2 куќи), Лозановци (1 куќа), Огњановци (6 куќи), Ѓорчевци (4 куќи), Узуновци (4 куќи), и Настевци (3 куќи). Доселенички: Гоговци (1 куќа) доселени се од околината на Ресен (Преспа); Митревци (6 куќи) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Утово во Железник; Дамчевци (8 куќи) потекнуваат од дечко кој дошол со неговата мајка после премажување на мајката.[12] Самоуправа и политикаИзбирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 202 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. на селото Габалавци[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 114 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости
Природата на Облаково и ја подарила најладната и најдобрата планинска вода, која тече од трите селски чешми. До една од чешмите се наоѓа споменикот на борците и старата црква. Под сред-селото се наоѓа и напуштеното училиште во кое старите облаковци се образувале, a тука е и казарницата во која селаните ја правеле својата ракија. Редовни настаниКако и сите села и Облаково има своја селска слава Св. Никола - летен(Талалеј) на која слава сите облаковци од Битола и некои од прекуокеанските земји се собираат на сред-село и го слават празникот. Секоја година се избира кум кој се залага за селото. На тој ден странците се среќаваат со старите пријатели и роднини. Личности
Култура и спортИселеништвоОд селото иселеници има во: Австралија, САД, Канада, кои секоја година донираат за реновирање на селските културни споменици и црквата. Родовите Станојовци (8 куќи), Секуловци (8 куќи), Лозановци (3 куќи), Милевци (3 куќи), Дамчевци (2 куќи), и Гоговци (2 куќи) иселени се во соседното село Црноец. Марковци (2 куќи) иселени се во селото Габаловци. Иселеници има и во Битола (30 семејства), и Бугарија (10 семејства). Иселеници во Битола и Бугарија се гранки на погоре наведените селски родови.[12] Наводи
Надворешни врски
|