Средно Егри
Средно Егри — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола. Селото понекогаш се нарекува само Егри, бидејќи останатите две села наречени Долно и Горно Егри, се целосно напуштени, раселени и скоро и да немаат никакви остатоци. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Пелагонија, во јужниот дел на Битолското Поле и на територијата на Општина Битола.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 590 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 24 километри.[2] До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2333. Средно Егри е изразено низинско село помеѓу Долно Егри на североисток и некогашното Горно Егри на југозапад. Други околни села се Кременица и Меџитлија. Во минатото, водата за пиење се добивала од пет бунари. Постоеле и други бунари, но водата од нив била „блуткава“. Добитокот се поел на Црна Река.[3] Денес, постои водовод во селото. Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бело Поле, Клетишта, Средни Ливади, Слатина, Ридон, Могила, Боздова, Лозја, Муштра, Медни Гумна и Шкоро.[3] Селото има збиен тип, а во средина се наоѓа простор наречен Сретсело. Тој ги раздвојува Долно и Горно Маало.[3] ИсторијаВо месноста Медни Гумна, околу 1000 метри северно од селото, мештаните во нивите изорувале остатоци од куќи: „камен и широки и тенки тули“. Во народот се мисли дека некогаш таму имало село „од Римјаните“. Постарите селани кажуваат дека некогаш во овој крај најпрвин постоело селото Горно Егри, а подоцна се основани селата Средно и Долно Егри. Тие ги добиле своите имиња по местоположбата во однос на Горно Егри.[3] Селото се споменува во османлиските дефтери од 1468 година со 31 христијанско семејство, а во 1568 година селото имало 28 христијански семејства.[4] Подоцна во 1638 година (помеѓу 1 и 10 септември), селото се споменува како Средно Јегри, во една тужба покрената од нејзин жител - Трифче, против Евреинот Ментеш од Битола, за присилно преземање на службата кербан-башија.[5] Атарот на Средно Егри порано имал повеќе обработливи површини од денес, но околу 1890 година Рибарското Блато околу Црна Река започнало да се шири. Тоа ги зафатило нивите кои се наоѓале на месностите Шкоро, Горна Вода, Средни Ливади и еден дел од Медни Гумна. Селаните кажуваат дека блатото ја зафатило најдобрата земја.[3] За време на отоманскиот период низ селото поминувал „пазарски пат“ во насока југоисток-северозапад. По тој пат се одело за Битола. Додека постоел патот, во селото се наоѓал ан.[3] Во минатото, селото било поделено на Грци и на Бугари, односно дел од нив биле под влијание на патријаршијата, а дел од нив на егзархијата. Затоа, во селото постојат две цркви, посветени на „Св. Архангел Михаил“ и „Св. Димитриј“.[3] Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[6] СтопанствоАтарот на селото е речиси заеднички со оној на селата Горно и Долно Егри.[2] За него не се водела катастарска евиденција и затоа нема аграрни податоци. Во него работат услужни објекти.[2] Во отоманско време, во селото постоело чифлици, ама имало и христијани рајати. Пред крајот на отоманскиот период, во селото имало четири чифлици. Нивни сопственици биле Сотки-ефенди, Малик, Шаќир и Насе Влав, кои живееле во Битола, а во нивните чифлици имало луѓе од Дебар. Поделеноста помеѓу чифлиците и слободната земја била на половина. По 1912 година, земјата од тие чифлици била купена.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Средно Егри живееле 190 жители, сите Македонци.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Средно Егри се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 40 куќи.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Средно Егри имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[10] Селото е средно по големина, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 545, а во 1994 година 348 жители.[2] Според пописот од 2002 селото имало 299 жители, сите Македонци.[11] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 219 жители, од кои 209 Македонци, 1 останат и 9 лица без податоци.[12] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСредно Егри е македонско православно село. Родовите во селото се староседелски и доселенички.[3] Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:
ИселеништвоСе знае за следните постари иселеници во селата Граешница (Јанкуловци), Лавци (Доневи) и Оптичари (Божинови). Од селскиот род Јованови има иселеници во Битола (едно семејство).[3] Општествени установи
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Средно Егри било село во Битолската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Бистрица. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Бистрица. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кременица, во која покрај селото Средно Егри се наоѓале селата Горно Егри, Долно Егри, Кременица и Меџитлија. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Кременица, во која влегувале селата Букри, Горно Егри, Долно Егри, Кременица, Меџитлија и Средно Егри. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0141 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Горно и Долно Егри.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 239 гласачи.[19] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спортВо селото постои играорната група „Етно Илинден“. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|