Рендсбург
Рендсбург (германски: Rendsburg; дански: Rendsborg) — град на реката Ајдер и на Килскиот Канал во средишниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Рендсбург-Екернферде. ИсторијаДатумот на основање на градот не е познат. Рендсбург бил првпат споменат во 1199 година. Старата форма на името на дански била Рејнолдсбург (Reynoldsburgh). Станал дел од Холштајн во XIII век, но бил предаден на Шлезвиг во 1460 година. Многупати, градот преминувал од данска на германска контрола и обратно. Во Втората шлезвишка војна во 1864 година, Рендсбург бил конечно заземен од Кралството Прусија и Австрија. По 1866 година, градот бил припоен од Прусија. Оттогаш, останал дел од Германија. Иако Ајдер е пловна за мало пловила од нејзиното устие на Северното Море до Рендсбург, важноста на градот пораснала во 1895 година, кога бил завршен Килскиот Канал. Многу поголеми бродови можеле да пловат по Килскиот Канал и иако сместен во внатрешноста, Рендсбург станал морско пристаниште. Главни знаменитостиНајпозната градба во градот претставува Рендсбуршкиот мост, железнички мост од челик, долг 2,5 километри и висок 41 метар, кој бил завршен во 1913 година за да ја пренесе железницата Нојминстер-Фленсбург преку каналот од релативно рамниот дел на другата страна. Тој е најдолгиот железнички мост во Европа (патно-железничкиот мост Ересунд е подолг): на северната страна, мостот прави круг околу градот со цел да ја постигне височината за да се префрли преку каналот. На самиот железнички мост постои фериботски мост — еден од само дваесетте некогаш направени — кој поминува преку каналот. Воздухопловната школа на Германската војска и подрачна единица на Сојузната служба за заштита од зрачење се наоѓаат во Рендсбург. Други знаменитости во градот се:
Луѓе од Рендсбург
Меѓународни односиЗбратимени градовиРендсбург е збратимен со следниве градови:
Договори за пријателствоРендсбург исто така има договори за пријателство со следниве градови: Галерија
Наводи
Надворешни врски
|