РидРид или брдо[1] — земјиштен облик што се издава над околниот терен и има свој врв, иако тој може да биде благ и неизразен. Образба и терминологијаРазликата помеѓу рид и планина не е секогаш јасна и честопати е субјективна. Начелно се смета дека ридот е понизок и поблаг, а планината е пострмна. Ридовите се образуваат со геоморфни појави како раседи, ерозија на поголеми земјишни облици и со седимент донесен од ледници. Во случај да е седиментен, ридот настанува поради појавата на морени и друмлини или пак со ерозија на карпите, кои со абење стануваат ридови. Заобленоста кај ридовите се јавува поради дифузивното надолно движење на почвата и реголитниот материјал. Постојат повеќе називи за разни водови на природни и вештачки ридови, зависно од нивниот изглед и начин на образба. Такви се хумката, тумбата, чуката, тумулот, друмлинот и др. Најголем вештачки рид на светот е Блекстрепскиот Скијачки Рид (Blackstrap Ski Hill, 45 м) во околината на Саскатун во покраината Саскачеван, Канада, направен за скијање.[2] Историско значењеРидовите играат значајна улога во историјата на човештвото. Многу населби и градови во праисторијата стариот век се изградени токму на ридови заради безбедност од природни непогоди и непријателски напади. Познато наоѓалиште во Македонија е Вардарски Рид, но во земјата постојат голем број други археолошки подрачја на ридови. Историјата на Рим започнува со неговиот развој на седум рида. Од слични причини, ридовите имале клучно значење во војувањето, како во минатото, така и денес. Доказ за ова се бројните тврдини изградени на ридовите. Ридот како тема во уметноста и во популарната култура
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|