Шенефелд
Шенефелд (германски: Schönefeld) — општина во округот Даме-Шпревалд, во Бранденбург, Германија. Се граничи со југоисточните окрузи на Берлин. На нејзина територија се наоѓа поранешниот меѓународен аеродром Берлин-Шенефелд. ГеографијаСе наоѓа на околу 22 километри југоисточно од Берлин, веднаш до еден од двата берлински аеродрома, Берлин-Шенефелд (SXF), кој беше заменет од новиот аеродром Берлин-Бранденбург (BER). Новиот аеродром се наоѓа во Шенефелд, веднаш до поранешниот аеродром. Општински единициОпштината Шенефелд е составена од шест населени места, поранешни општини пред да бидат припоени во 2003:
Населбата Кинберг, дел од Валтерсдорф, била целосно раселена поради проширувањето на аеродромот Берлин-Бранденбург и сега се развива како комерцијална зона. ИсторијаПрвото зачувано спомнување на Шенефелд на територијата Мителмарк потекнува од 1242. Сконенфелде, потоа посед на грофовите од Зелхоф, е документиран во 1375 во земјишната книга на императорот Карло IV, кога владеел како маркгроф на Бранденбург. Селската црква, повторно изградена во 1904/05 според плановите на Франц Хајнрих Швехтен, вклучува голем барокен олтар. Валтерсдорф и Васмансдорф исто така имаат свои селски цркви кои потекнуваат од првата половина на 13 век. Од 1933 постои авионската компанија Хеншел и поседува три писти веднаш до селото. Повеќе од 14.000 воздухоплови биле направени во фабриката до 1945, кога објектите биле заземени од Црвената армија. Во гробиштата Гросцитен има споменик на 200 воени заробеници и присилни работници кои умреле во текот на Втората светска војна. Советските воздухопловни сили ги користеле пистите од 1946, а една година подоцна било наредено отпочнување на цивилни летови за снабдување на Источен Берлин. Пред повторното обединување на Германија, Шенефелед се граничел со окрузите на поранешниот Западен Берлин (денешните Нојкелн и Темпелхоф-Шенеберг[2]), а од 1961 до 1990 бил одделен со Берлинскиот ѕид.[3][4] Сообраќај
ЕкономијаАеродромскиот центар, индустриска област во Валтерсдорф и аеродромот се важни извори на приход за Шенефелд. Седиштето на Private Wings се наоѓа на самиот аеродром.[5][6][7] Пред нејзиното распуштање, источногерманската авионска компанија Interflug го имала своето седиште на аеродромот.[8] Bremenfly исто така го своето седиште во Шенефелд.[9] Познати луѓе
ПоврзаноНаводи
Извори
Надворешни врски
|