Даме-Шпревалд
Даме-Шпревалд (германски: Dahme-Spreewald) — округ во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Одра-Шпре, Шпре-Ниса, Горен Шпревалд-Лужица, Елба-Елстер и Телтов-Флеминг и со градот Берлин. ИсторијаОбласта Шпревалд отсекогаш била центар на лужичката култура. Во средновековниот период градовите Либен и Лукау последователно биле главни градови на маркгрофовијата Долна Лужица. Од 1815 Долна Лужица била дел од Прусија. Во текот на 19 век областа останала претежно земјоделска и единствено во северниот дел (блузу Берлин) се случила одредена урбанизација. Кога била основана покраината Бранденбург во 1990 биле основани окрузите Либен, Лукау и Кенигс Вустерхаузен, но во 1993 овие три окрузи биле споени. ГеографијаРеката Шпре влегува во округот во југоисточниот дел и излегува низ североисточниот. Пошумената област долж нејзините брегови се наречени Шпревалд. Шпревалд е најзападниот дел на Лужица. Особено градовите Либен и Либенау прекуваат многу туристи секоја година, нудејќи патувања со брод и можност за поминување на одморот во преубавата природа на Шпревалд. Реката Даме е притока на Шпре. Создава многу езера во северниот дел на округот. Даме го напушта округот кон Берлин, каде понекогаш се користи за бродски трки. На крај се влева во Шпре. ГрбГрадови и општини
Наводи
Надворешни врски
52°2′N 13°54′E / 52.033°N 13.900°E
|