Ан дер Шмике
Ан дер Шмике (буквално: На Шмике; германски: An der Schmücke) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Бил именуван по ридскиот масив Шмике. ГеографијаСоседни општиниАн дер Шмике се граничи од север надесно со следниве градови и општини: Бад Франкенхаузен, Артерн, Рајнсдорф, Гехофен, Рослебен-Вие, Оберхелдрунген, Келеда, Земерда, Ецлебен, Бихел, Ритген и Кинделбрик. Градски единициГрадот се состои од местата Браунсрода, Бретлебен, Горслебен, Хаутерода, Хелдрунген, Хемлебен, Лундерсхаузен, Олдислебен (со населбата „Херман Гинтерот“) и Заксенбург. ИсторијаГрадот бил создаден на 1 јануари 2019 година со спојување на поранешните општини Бретелебен, Горслебен, Хаутерода, Хелдрунген, Хемлебен и Олдислебен. Помеѓу 1993 и 2019 година, овие општини биле дел од поранешната истоимена општинска заедница, која дополнително ги вклучувала општините Ецлебен и Оберхелдрунген. Седиштето на градот и на поранешната општинска заедница е во Хелдрунген. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет на Ан дер Шмике бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:[2]
ГрадоначалникНа општинските избори на 26 мај 2019 година бил избран Холгер Хеслер (независен).[3] Наводи
Надворешни врски
|