Ебелебен
Ебелебен (германски: Ebeleben) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 13 километри југозападно од окружниот град Зондерсхаузен. Градот поседувал голем замок, кој бил уништен во април 1945 година. ГеографијаМестоположбаЕбелебен се наоѓа во северниот дел на Тирингија и е опколен од ридските масив Хајнлајте од североисток, од Дин од северозапад и од Хајлингер Хеен од југ. Низ Ебелебен тече реката Хелбе. Градски единициКон градот Ебелебен припаѓаат петте места: Алменхаузен, Гундерслебен, Рокензусра, Тирингенхаузен и Видермут. Градски дел на Ебелебен е Маркзусра. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет на Ебелебен се состои од 14 членови. Членовите биле избрани на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:[2] Согласно припојувањето на општината Тирингенхаузен на 31 декември 2019 година, Градскиот совет бил проширен за еден член и сега се состоел од 15 членови и градоначалник.
ГрадоначалникМоментален градоначалник е Штефен Гребел. Бил избран на 15 април 2018 година. Збратимени градовиЕбелебен е збратимен со следниве градови: Галерија
НаводиНадворешни врски
|