Клинген
Клинген (германски: Clingen) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 16 километри југоисточно од окружниот град Зондерсхаузен и 30 километри северно од покраинскиот главен град Ерфурт. Се наоѓа на реката Хелбе и заедно со соседните места Вестгројсен и Гројсен претставуваат една населена единица со околу 5.400 жители. ГеографијаКлинген се наоѓа во долината на Хелбе, која тука поминува во три ракави: низ градот Саксонска Хелбе, додека северно од него Шварцбуршка Хелбе. Помеѓу обете водотеци поминува Штајнграбен. На 10 километри северно се наоѓа нискиот ридски масив Хајнлајте. ИсторијаКлинген бил првпат споменат околу 900 година и во 1282 година ги добил градските права. ПолитикаГрадот припаѓа на општинската заедница Гројсен од 1993 година. Градски советГрадскиот совет има дванаесет членови и бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|