БараковоОваа статија се однесува на село во Демирхисарско. За истоименото село во Горноџумајско, погл. Бараково (Пиринско).
Бараково — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар. Географија и местоположбаНаселбата се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 620 м. Лежи недалеку од градот Демир Хисар на оддалеченост од 5,3 км и тоа во североисточен правец. Атарот е мошне мал и зафаќа протор од само 1,8 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 97,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 38,3 ха, а на шумите само 1 ха. Потекло на иметоСелото го добило името според првиот жител Барак (Барако+ово+село). Барак е лично име кое се споменува во XVI век. ИсторијаСелото првпат се споменува во опширниот пописен дефтер од 1468 година, под ојконимот Баракова, како село во Битолската каза, со вкупно 6 семејства и 1 вдовица, или вкупно околу 20 жители. Приход имале и плаќале 321 акче.[3] Селото претставувало дел од тимарот што му припаѓал на Мехмеди, син на Али, во сума од 500 сребрени пари. Селото се споменува и во дефтерот од 1538 година, со 28 жители. Во XIX век, Бараково се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] СтопанствоАтарот е мошне мал и зафаќа простор од само 1,8 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 97,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 38,3 ха, а на шумите само 1 ха. Селото има полјоделска функција.[5] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бараково имало 72 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бараково имало 72 жители.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бараково се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 21 куќа.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[9] Селото е мало и во 1961 година броело 118 жители, а во 1994 бројот се намалил на 74 жители. Според пописот од 2002 година, во селото живееле 67 жители, од кои 66 Македонци и 1 останат.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 49 Македонци и 6 лица без податоци.[11] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиБараково е македонско село. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[16] Доселенички: Орманковци (3 к.) доселени се од селото Прострање, Кичевско; Дуртановци (2 к.) доселени се од селото Железнец; Лазоровци (1 к.) доселени се од селото Света; Грујовци (3 к.), Пандаровци (3 к.) и Ќибилевци (4 к.) доселени се од селото Вардино; Нечовци (2 к.) доселени однекаде. Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Бараково, се наоѓале и селата Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света. Културни и природни знаменитости
Личности
ИселеништвоОд Бараково највеќе од населението е иселено во Битола. Но одреден број е иселен и во Скопје, Прилеп, Демир Хисар, како и во САД и Австралија.[19] Наводи
Надворешни врски
|