Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено 4,5 километри.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 10,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 459 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 230, а на пасиштата 178 хектари.[3]
Ова село е познато и опеано во многу македонски народни песни поради големата бунтовност и македонско родољубие на неговото население. За неговото име се верува дека е добиено поради што во селото се прибирале македонски ајдути и комити од турските потери, меѓутоа селото е основано и пред османскиот период. За време на Илинденското востание близу селото се одиграла помала битка меѓу македонските комити и турскиот аскер (за време на почетокот на востанието), а турскиот аскер кога поминувал покрај селото одејќи кон Крушево не ги пронашло комитите кои се скриле во селото.
Населението било активно и за времето на НОБ, за што сведочи споменикот во селото. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]
Стопанство
Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3]
Според Димитар Гаџанов во 1916 г. в Прибилци живееле 404 Турци,[7] што е веројатно поточно од горенаведените два извора, но нивниот број не може да бил толку висок, а камо ли мнозински.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]
Прибилци е населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 436, а во 1994 година бројот се намалил на 287 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 266 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 153 жители, од кои 142 Македонци и 11 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Доселеници:Трајановци (3 к.) доселени се во 1913 година од селото Слоештица. Таму имаат истоимени роднини; Ресуловци (3 к.) доселени се во 1914 година исто така од селото Слоештица; Џванковци или Наумовци (2 к.) и Џванковци или Златановци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Жван; Дуковци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Железнец; Масларовци (4 к.) доселени се во 1915 година од Сладуево и Единаковци, од домазети; Дуртановци (2 к.) доселени се во 1939 година од селото Бараково; Вељановци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Единаковци; Тајтановци (4 к.) доселени се во 1930 година од селото Бараково; Барлевци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Журче; Крстан (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Бабино; Алексовци (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Чакаровци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Сопотница; Врбовци (1 к.) доселени се од селото Брезово; Мирчевци (5 к.) доселени се во 1925 година од селото Бабино; Младеновци (2 к.) доселени се од селото Ново Село; Трајчевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Растојца; Шумковци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Цер кај Кичево; Чобановци (3 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Беговци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Велмевци; Десковци (2 к.) доселени се во 1912-13 од селото Базерник; Богевци со Ќизаровци (2 к.) доселени се во 1921 година од селото Кочишта; Маслароски (2 к.) доселени се во 1916 година од селото Единаковци; Пупачовци (4 к.) доселени се од селото Сопотница; Шутевци (3 к.) доселени се во 1923 година од селото Мало Илино; Момировци со Јовановци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Бабино; Тошевци (3 к.) доселени се од селото Сладујево во 1915 година, а таму се доселиле од селото Единаковци; Турјановци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Турје во Дебрца; Шундуровци (1 к.) и Настовци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Мало Илино; Сиџимковци (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Мало Илино; Ѓуровци (3 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Црвенковци (2 к.) доселени се во 1929 година од селото Сладуево, таму се доселиле од селото Радово; Дранговци (1 к.) доселени се во 1929 година од селото Жван; Чакмаковци (2 к.) доселени се во 1939 година од селото Острилци кај Крушево; Вејкрповци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Белевци (5 к.) доселени се во 1920 година од селото Острилци; Тушловци (2 к.) доселени се во 1929 година од селото Журче; Бакамовци (1 к.) доселени се од селото Острилци; Суклевци (1 к.) доселени се во 1939 година од селото Слоештица.[15]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Прибилци, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 631 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
↑D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
↑Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 јули 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.