СветаЗа други значења на поимот, погл. Света (појаснување).
Света — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар. Потекло на иметоИмето на селото веројатно потекнува од личното име Светомир или Светислав, првиот доселеник и основач на селото.[2] Географија и местоположбаОва село се наоѓа во Железник, во крајниот источен дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со просторот на подрачјето на Општина Крушево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 710 метри. Од градот Демир Хисар, селото е оддалечено девет километри.[3] Света се граничи со селата Журче, Пресил и Бучин (последните две во Општина Кривогаштани) на север, со селото Древеник (Општина Битола) на југ и со селата Вардино и Единаковци на запад.[2] Во 1965 година селото добило електрична енергија, нешто подоцна добило и водовод, а асфалтен пат од 1988 година.[2] Селото Света се наоѓа на левиот брег на Црна Река, под ридовите Пејчин Рид, Црни Камен, Орлоец, Горно Уво, Долно Уво и Горна Чука.[4] ИсторијаСелото се верува дека е доста старо, за што сведочат и археолошките наоѓалишта, Стари Гробишта и Широка Леска. Стари Гробишта или Црквиште претставува црква и некропола од средниот век, сместен на околу 200 метри југозападно од селото. Во 1970 година била подигната новата црква „Св. Петка“ користејќи ги старите темели, кои се видливи и припаѓале на некогашната црква „Св. Пантелејмон“. Околу црквата се наоѓаат гробови градени од камени плочи.[4] Света за првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1468 година според кои броело 48 семејства, 5 вдовици и 3 неженети, или вкупно 263 жители. Во 1568 година брои 47 семејства, 2 вдовици и 11 неженети (христијани) и едно муслиманско семејство, кога вкупниот број на жители бил 279. Селото плаќало вкупно 4.773 акчиња годишно данок.[2] Семејствата секогаш биле многубројни, со околу 20 до 30 члена. Христијаните не сакале да ја кажуваат точната бројка заради заштита од данокот во крв.[4] Жители на Света се доселиле на денешната местоположба, откако го напуштиле старото село Метимирци, кое било напуштено поради осојот, но и поради „Зли камен“, каде постарите раскажувале дека имало илјадници змии.[5] Од Света имало многу ајдуци и комити кои учествувале во борбите за слобода од отоманското ропство.[4] Во XIX век, Света било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство. Во Првата светска војна зеле учество и селани од Света, едни од една, други од друга страна. Меѓу двете светски војни свеќани не се презивале со српски презимиња, иако биле принудувани од власта.[4] Селаните од Света активно учествувале и во НОБ, за што е изграден споменик на паднатите борци.[6] Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[7] Во мај 2012 година, во Света се снимаше најновиот филм на Столе Попов „До балчак“. За потребите на филмскиот сет комплетно беа изградени железничка станица и контролен пункт на Отоманското Царство.[4][8] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 13,7 км2. На него преовладуваат шумите со 633 хектари, на пасиштата отпаѓаат 359 хектари, а на обработливото земјиште 337 хектари.[3] Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3] Најмногу се засејуваат житните растенија, па тутунот, компирот, гравот и сите видови на градинарски растенија.[2] Во селото работат две продавници и еден авто-сервис. Во селото има четири фарми со вкупно над 100 крави, 300 глави овци и живина.[2] Населението се занимава со земјоделство, а особено со градинарство и одгледување на тутун. Порано се одгледувал и коноп.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Света имало 325 жители, сите Македонци христијани.[9] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Света имало 336 жители.[10] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Света се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 57 куќи.[11] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[12] Селото е средно по големина, коешто во 1961 година имало 545, а во 1994 година 403 жители, населено со македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 332 жители, сите Македонци.[13] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 258 жители, од кои 254 Македонци и 4 лица без податоци.[14] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСвета е македонско село. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[19]
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото се наоѓало во некогашната општина Кривогаштани. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Бела Црква, во која покрај селото Света, се наоѓале и селата Бела Црква, Бучин, Воѓани, Обршани, Пашино Рувци и Пресил. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0633 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[21] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 266 гласачи.[22] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
ИселеништвоПостари иселеници до 1952 година има во Битола (3 семејства), Бугарија (5 семејства) и во Прилеп (1 семејство).[19] Потоа иселеништвото продолжило и од Света над 70 домаќинства живеат во градовите Битола, Демир Хисар, Прилеп и Скопје. Исто така, над 30 лица се иселиле во европските и во прекуокеанските земји.[2] Наводи
Надворешни врски
|