Името на селото се верува дека потекнува од личното име Журо или Журан, некој овчар доселен тука. Можно е и да е изведено од личното име Добрижил, што во превод означува „добро да живее“ или „да живее вечно“. Се верува дека ова лично име било името на првиот жител, кој тука се доселил со своето семејство.[2]
Бидејќи селото било основано во подрачје со диви коприви, една теорија за името е дека потекнува од билката жур.[2]
Географија и местоположба
Ова село се наоѓа во областа Железник, во североисточниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Крушево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри.[3]
Атарот на селото Журче се граничи со 11 села и тоа: Сладуево, Граиште и Бараково на југ, Единаковци, Света, Пресил и Бирино (двете последни се крушевски села) на исток, Острилци (крушевско село) и Ракитница на север, Ново Село и Прибилци на запад. Селото е оддалечено 10 километри од градот Демир Хисар, а од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 40 километри на север. Селото се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат Демир Хисар-Крушево.[2][4]
Селото е ридско-планинско, сместено во блага долина.[2]
Куќите во селото се оддалечени една од друга и се одликуваат со простран двор, на чии рабови се наоѓаат разни помошни простории. Секоја куќа поседува свој бунар.[2]
Историја
Создавањето на селото е околу 1200 година, кога ова место било обраснато со диви коприви.[2]
Журче се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер. Во селото имало 55 христијански семејства, од кои 3 неженети и 16 вдовици, со вкупно 342 жители. Годишно плаќале по 5.224 акчиња данок. Во 1568 година имало 151 жител.[2]
Во отоманските документи, селото се споменува во 1636 година (помеѓу 15 јули и 3 септември) во еден спор за заем. Во документот е запишано дека поп Стојко од село Журче позајмил од вакафот на Махмуд-ага 1.000 акчиња со лихва од 150 акчиња. Бидејќи лихвата не ја платил, тој е уапсен.[5]
Атарот зафаќа простор од 22,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.693,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 129,6 хектари, а на обработливото земјиште 291,5 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
Во отоманскиот период, мештаните се занимавале со сточарство, особено одгледување на овци и кози. Исто така, голем број од машкото население одел на печалба низ Балканот.[2]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[17]
Староседелски и доселенички со непозната старина:Мусовци (2 к.), Савевци (4 к.), Мраовци (2 к.), Ќосевци (11 к.), Грнчаровци (1 к.), Марковци (2 к.), Чадевци (4 к.), Саравовци (3 к.), Кусевци (8 к.), Тарунчевци (5 к.), Грашуловци (1 к.), Петревци (6 к.), Смилевци (2 к.), Жилковци (4 к.) и Волчевци (4 к.)Доселени од с. Велмеј Охридско. Биле тројца браќа се занимавале со сточарство, имале големи проблеми од турците затоа се иселиле, првиот од тројцата браќа застанал во селото Сопотница, вториот брат застанал во селото Журче и третиот брат застанал во Крушево.
Доселени со позната старина:Јосифовци (8 к.) и Бошковци (8 к.), доселени се од селото Бараково; Поповци (4 к.) и Чолаковци (3 к.), доселени се од селото Екши Су, Леринско (Егејска Македонија); Бисовци (7 к.), доселени се од некое место во Охридско; Цапарковци (1 к.), доселени се од селото Цапари, Битолско; Барлевци (8 к.) доселени се од селото Загориче; Брсјаковци (1 к.), доселени се од селото Пуста Река, Крушевско; Граиштанци (7 к.), доселени се од селото Граиште; Ѓорговци (3 к.), доселени се од селото Црнилиште, Прилепско; Тушловци (3 к.), доселени се од селото Лисолај, Битолско; Шлакевци (5 к.), доселени се од селото Белче и Ѓоргијовци (1 к.), доселени се од селото Свето Тодори, Битолско.
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Журче, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0626 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[19]
Тале Вељановски - македонски револуционер од ВМРО, курир на војводата Блаже Крстев Биринчето, а за време на илинденското востание бил назначен за војвода на Ношпалската чета. По востанието заминува на печалба во Америка каде работи како работник на изградба на пруга.
До 1952 година иселеници од селото имало во САД (5 семејства), Србија (4 семејства), Аргентина (1 семејство), Бугарија (1 семејство), Битола (2 семејства), и во Куманово (1 семејство).[17]
Иселеништвото продолжило и понатаму, и најмногу иселеници од селото има во градовите Битола, Скопје, Прилеп и Демир Хисар, но има иселеници и во европските и во прекуокеанските држави.[2]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 јули 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)