Вилхелмсхафен
Вилхелмсхафен (германски: Wilhelmshaven; долногермански: Willemshaven; букв. Вилхелмово пристаниште) — крајбрежен безокружен град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е на северозападната страна на Јадскиот Залив на Северното Море. Градот е стопанско средиште на областа и претставува главно воено пристаниште во државата. Од 2006 година припаѓа на метрополитенската област Северозапад. Соседниот национален парк „Долносаксонско Ваденско Море“ е заштитен како светско наследство на УНЕСКО и како таков има важна улога во туризмот во овој дел од Германија. ГеографијаМестоположбаВилхелмсхафен се наоѓа во северозападниот дел на Германија на брегот на Јадскиот Залив, голем морски залив на Северното Море. Градското подрачје се наоѓа во источниот дел на Источнофризискиот Полуостров помеѓу Доларт и Јадскиот Залив. Калливите области во крајбрежјето припаѓаат на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Најниска точка во градското подрачје е -0,5 метри, додека највисока точка е 11,8 метри. Големи делови во источниот дел на градското подрачје се одземени од Северното Море во текот на XX век. Кон овие делови е додадено новото пристаниште ЈадеВезерПорт со површина од околу 344 хектари.[2] Водни површиниГрадското подрачје е оградено од две страни со големи водни површини. На исток градот се граничи со Јадскиот Залив (или Внатрешен Јаде). На југ се наоѓаат калливите области на Јадскиот Залив, кој двапати дневно се поплавуваат од морето. Плимата во Јаде се движи помеѓу 3,15 метри и 4,33 метри, што е околу истото ниво како устието на Везер, околу половина метар помалку отколку во Антверпен[3] и скоро двојно повеќе отколку во Ротердам.[4] Со секој плимен циклис се менува водата во Јадскиот Залив и тоа не дозволува наталожување на песочни наслаги.
Во градското подрачје има водни површина на 645 хектари, што е 6,2% од вкупната површина. Најголем дел од ова се површините во пристаништата. Потоа доаѓа површината на Бантското Езеро, едно соленикаво езеро, кое до 1945 година служело како западно пристаниште на пристанишната област. До крајот на војната во 1945 година, пристаништето не било употребливо. Последната преостаната брана го одделува езерото од Големото пристаниште. Во градското подрачје почнува/завршува каналот Емс-Јаде, што е вештачки канал, кој го поврзува Вилхелмсхафен преку Занде и Аурих со Емден. Должината на каналот во градското подрачје изнесува 10,5 километри. При изградбата на пристаништето имало големо значење за дотур на материјали, додека денес каналот нема стопанско значење, туку главно се користи во туристички цели. Единствена река во градското подрачје е Маде. Соседни општиниНа запад се граничи со општината Занде и градот Шортенс, на север со општината Вангерланд. Сите три соседни општини припаѓаат на округот Фризија. Градот на исток и на југ се граничи со Северното Море. На исток на другата страна од Јадскиот Залив се наоѓа општината Бутјадинген, која го образува најсеверниот дел на округот Везермарш. Градски единициГрадското подрачје на Вилхелмсхафен за статистички цели е поделено на пет градски области (Југ, Центар, Запад, Север, Исток). Секоја област се состои од повеќе градски делови. Овие делови се поделени во градски четврти.[5]
КлимаСпоред климатската поделба на Кепен, Средна Европа и со тоа Вилхелмсхафен има топла клима со умерени врнежи преку целата година. Близината на Северното Море има силно влијание на регионалното време. Тоа влијание се чувствува преку послабите зими и посвежите лета. Просечната месечна температура во зима не паѓа под точката на замрзнување. Просечната годишна температура изнесува 8,7 °C. Најтопли месеци се јули и август со просечни температури од 16,3 °C, а најладни месеци се јануари и февруари со 1,2 односно 1,6 °C просечна температура. Врнежите се распределени релативно рамномерно преку целата година, главно во облик на дожд. Снежни врнежи во зимските месеци се ретки. Најмногу дожд паѓа во јули и ноември со просечно 83 односно 86 милиметри, додека најсув месец е февруари со просечно 43 милиметри. Годишно наврнуваат 831 мм. ИсторијаНа местото на градот се наоѓал замокот Зибетсбург, изграден пред 1383 г. како упориште за пиратство, и уништен од Ханзата во 1433 г. Четири века подоцна Кралството Прусија планирало поморска флота и соодветно пристаниште на Северното Море. Во 1853 г. принцот Адалберт, братучед на кралот Фридрих Вилхелм IV направил спогодба со Големото Војводство Олденбург со која Олденбург ѝ отстапил 3,13 км2 од Јадскиот Залив на Прусија. Во 1869 г. кралот Вилхелм I (подоцна цар на Германија) го основал градот како ексклава на покраината Хановер и воспоставил поморска база за пруската флота која тогаш била во развој. Затоа местото во негова чест е наречено Вилхелмсхафен, што значи „Вилхелмово пристаниште“. Сета задгрбнина на градот останала во владение на Војводството Олденбург. Во градот е изградено Царското бродоградилиште (Kaiserliche Werft Wilhelmshaven). На 30 јуни 1934 г. од пристанштето е пуштен ознатиот бојниот крстосувач „Адмирал Граф Шпе“. Во 1937 г. местото се соединило со соседното село Ристринген,[6] и вака соедиениот град Вилхелмсхафен станал дел од Слободната Држава Олденбург. Во Втората светска војнаВо Втората светска војна, сојузничките воздухопловни сили со бомбардирање уништиле две третини од градбите во градот. Бродоградилиштето било главна цел на нападот, но продолжило да работи и покрај тешките оштетувања.[7] Во 1945 г. полската војска го зазела Вилхелсхафен, по што се предал целиот гарнизон со вкупно 200 бродови. Полјаците останале како дел од сојузничките окупациски сили до 1947 година. Во текот на војната во градот се наоѓал подкамп на концентрацискиот камп на Нојенгаме. Повоен периодВо 1947 г. градскиот совет решил да усвои нов амблем. Откако британската управа одбила неколку предлози, советот се решил за фризиски воин, според статуа ставена во градот за време на Првата светска војна со цел собирање на доброволни прилози. Со наполното разоружување на бродоградилиштето по војната, многу воени објекти останале оштетени и напуштени. Во нив се направени погоните на заводот „Олимпија“ кој се прочул во светот по своите машини за пишување и во 1953 г. имал 7.000 работници.[8] ДенесВилхелмсхафен е единственото длабоководно пристаниште во Германија и најголемата поморска база, а во поново време станала и најголемата вона база во Германија воопшто.[9] Кон крајот на 1950-тите изграден е пристан за нафтени танкери и до денес останува најважниот терминал за набавка на сирова нафта. Оттука оди нафтовод кон рафинериите во Рајна-Рур и Хамбург. Пристаништето увезува и јаглен и хемикалии. Меѓу другото, населението се занимава со опслужување на војската. Важна стопанска гранка во градот е поморската шпедиција со контејнери и поправката на пловила. Други гранки се хемиската индустрија (рафинерија, производство на пластика и хлор) и енергетиката со две јаглени електрани и една ветерна. Знаменитости
ПолитикаГрадски советГрадскиот совет на градот Вилхелмсхафен се состои од 38 члена за изборниот период 2016-2021, иако за градови со број на жители помеѓу 75.001 и 100.000 жители треба советот да има 44 члена.[10] Со одлука на Градскиот совет бројот за периодот 2016–2021 бил намален за шест члена.[11] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[12]
ГрадоначалникНа последните избори за градоначалник на 26 мај 2019 година победил Карстен Фајст (независен). Збратимени градовиВилхелмсхафен е збратимен со следниве градови:[13]
Вилхелмсхафен одржува пријателски партнерства со следниве градови: Местата Зенгварден и Федерварден одржуваат партнерство со: Познати луѓе
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|